Симулациска вежба за гаснење пожар во услови на ковид 19

  • Новости

ТППЕ Делчево денес реализираше симулациска вежба за гаснење пожар во услови на ковид-19 во деветолетката „Св.Климент Охридски“.

Во акцијата учествуваа три противпожарни единици со три противпожарни возила и 14 пожарникари.  Интервенцијата беше изведена во стариот дел од училиштето при што беа евакуаирани и спасени двајца повредени.

Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види подготвеноста и физичка и психичка на пожарникарите во услови на вистинска појава на пожар во објектите на институциите во градот, но и да се провери исправноста на опремата.

Грдоначалникот Горан Трајковски присуствуваше на оваа симулациска вежба и изрази задоволство од подготвеноста на пожарникарите за справување со пожарите и на објекти, но и на отворен простор. Трајковски најави и дополнителна заштитна опрема за делчевските пожарникари, а Општина Делчево е во фаза на набавка на ново противпожарно возило.

Shares