Општина Делчево воведе наплата преку ПОСТ ТЕРМИНАЛ со единствена цел за подобрување на квалитетот на услугите на граѓаните и брза и ефикасна општинска администрација.
Градоначалникот Трајковски истакна дека во едно отворено и демократско општество, администрацијата треба да и служи единствено на граѓаните. Поради тоа, воспоставената пракса и традиционалнииот начин на администрирање на сложените активности поврзани со управувањето со прашањата од интерес на заедницата треба да се преобрази во нов, модерен и организиран начин.Начин кој ќе воспостави природни релации на взаемна почит помеѓу граѓаните и вработените во општинската администрација.
Граѓанинот ако досега мораше да дојде до општината да праша колку треба да плати надоместок за да може да се поднесе барањето, па да оди во банка да го уплати износот со банкарска провизија и повторно да се врати во општината да ја донесе уплатницата за да се поднесе барањето до Општината, сега тој чекор веќе го нема.
Со воведувањето на наплата на услугите на граѓаните преку ПОСТ ТЕРМИНАЛ , Општина Делчево се придружува на големото европско семејство на општините кои се отворени и достапни на граѓаните во насока на подобрување на квалитетот на живеење.
Граѓаните можат да ги користат услугите на Општинскиот Центар за Услуги секој работен ден од 07.30 часот до 15.30 часот.