Тендерската постапка за изградба на „Пречистителна станица за питка вода и придружните објекти во Делчево“ вклучувајќи набавка, монтажа и останати услуги е започната на 7 август 2020 година со објава на тендерската документација на “Système d’information sur les marchés publics en Suisse” (SIMAP). Изградбата на пречистителната станица и придружните објекти во Делчево кој е во рамките на проектот „Водоснабдување на Делчево“, вклучува изградба на пречистителна станица за вода, бунари на подземни води и пумпни станици, водоводи и резервоари за вода, како и фотоволтаична централа.
Тендерот завршува на 30 септември оваа година, кога и ќе се отвораат понудите. Презентацијата на понудите ќе се одржи од 14 до 16 октомври, а договорот со најдобриот понудувач ќе се потпише во текот на месецот ноември 2020.
Тендерот се спроведува според упатствата за набавка на СЕКО.
Имплементацијата на проектот започна на 29.11.2018, а треба да заврши на 31.3.2022. Проектот е вреден 7,3 милиони швајцарски франци од кои 6 милиони се донација од Швајцарска конфедерација преку Амбасадата на Швајцарија, а останатото е учество на РСМ преку Министерство за животна средина и Општина Делчево.
Проектот го спроведува EBP Schweiz AG, Zollikon Switzerland, а краен корисник е ЈКП Брегалница-Делчево.