Објавен Јавниот повик за Општинско-корисна работа во Општина Делчево

Програмата Општинско – корисна работа во Општина Делчево оваа година ќе се спроведува преку два проекти: Социјални услуги за сите и Грижа за стари лица и лица со попреченост.
Во проектот Социјални услуги за сите ќе бидат ангажирани вкупно 11 невработени лица за период од 7 и 9 месеци. Нивниот ангажман е планирано да започне од 01.09.2020 год., а невработените лица ќе бидат ангажирани на скратено работно време од 20 часа неделно, за што ќе добиваат паричен надоместок во износ од 9.000 денари месечно со платен персонален данок и осугурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Во рамките на овој проект ќе се спроведуваат три активности и тоа:
– Образовни асистенти во ООУ „Св.Климент Охридски“ каде ќе бидат ангажирани 3 лица и
– Подобрување на негата во Дневниот центар за лица со посебни потреби  со ангажирани 3 лица и
– Мобилен тим за посета на стари и изнемоштени лица и лица со попреченост во чии рамки ќе се ангажираат 5 лица.

Право на учество во програмата имаат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, а кои им припаѓаат на ранливите групи на население, вклучувајќи ги и корисниците на социјална помош. На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршувањето на ангажманот, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош и во текот на работниот ангажман. Лицата треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица:
–       Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција);
–       Млади лица до 29 години;
–       Лица постари од 50 години;
–       Лица  корисници на ГМП;
–       Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
–       Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа;
–       Жртви на семејно насилство;
–       Лица припадници на ромската етничка заедница;
–       Самохрани родители;
–       Родители на деца со пречки во развојот;
–       Родители на 3 и повеќе деца.

Вкупниот буџет на овој проект изнесува  918, 000 ден. и тоа 597,600ден. средства обезбедени од УНДП за плати за ангажираните лица и 149,400 ден средства од буџетот на Општина Делчево за персонален данок и осигурувањеод случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Бројот на крајни корисници кои ќе бидат опслужени од 11-те ангажирани лица оваа година ќе биде 36.

Во проектот Грижа за стари лица и лица со попреченост ќе бидат ангажирани вкупно 7 лица и тоа 6 лица како негователи за грижа за стари лица и 1 едукатор-мотиватор во Дневниот центар за лица со попреченост.
Ангажманот ќе биде со скратено работно време од 20 часа неделно за период од 7 месеци почнувајќи од 01.09.2020 год. Ангажираните лица ќе добиваат паричен надоместок во износ од 9000 денари месечно со платен персонален данок и осугурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Заинтересираните невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица:
–       Роми;
–       Корисници на ГМП;
–       Лица со попреченост

Бројот на крајни корисници кај овој проект ќе биде 37 лица.

Буџетот на овој проект изнесува  441, 000 ден. средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој за плати и за персонален данок и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Пријавувањето и за двата проекти започнува од 20.08.2020  и ќе трае до 26.08.2020 година.
Сите заинтересирани лица можат да поднесат пријава во Центарот за вработување Делчево во периодот од 20.08.2020 до 26.08.2020 год.
Повеќе информации заинтересираните можат да добијат од Јавните повици кои се објавени на www.delcevo.gov.mk
Лицата кои сакаат да ги користат услугите од активностите Грижа са стари лица и Мобилен тим за посета на стари лица и лица со попреченост треба да пополнат пријава во Архивата на Општина Делчево или да се пријават на телефонскиот бр.076/424-580 кај лицето Наташа Димитровска- проектен координатор, најдоцна до 31.08.2020 год.

Shares