Решение за свикување на 43. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весникна РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на ОпштинаДелчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 24.08.2020  година, донесе

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на 43.редовна Седница на

Советот на Општина Делчево

I

            Ја свикувам 43. Седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 31.08.2020 (понеделник) во14:00 часот во фоајето на Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За Седницата го предлагам следниот

Дневен ред

-Усвојување на Записник од 42.седница на Советот

  1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2020 година за квартал 2 со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Шабан Багашов-Раководител на Сектор за финансиски прашања.

  1. Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2021 со Заклучок за усвојување;
  2. Предлог-Одлука за ослободување од партиципација на деца Роми на возраст од 3-6 години за престој во детските градинки што се во социјален ризик за учебната 2020-2021 година;

Образлагач: Џулиета Мемедова-Самостоен референт за здравје и безбедност при работа.

  1. Годишен извештај за работата на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за 2019/2020 година со Заклучок за усвојување;
  2. Годишна програма за работа на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за 2020/2021 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски.

  1. Годишен извештај за работата на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за 2019/2020 година со Заклучок за усвојување;
  2. Годишна програма за работа на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за 2020/2021 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Горан Велков-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.

  1. Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево со Заклучок за усвојување.

Образлагач: Стојан Димитровски-Командир на Полициска станица од општа надлежност Делчево.

  1. Шестмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2020 до 30.06.2020 со Заклучок за усвојување;
  2. Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево и Марија Сумрачка одговорен сметководител.
  3. Годишен план за вработување на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување.

Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ “Илинден“-Делчево.

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

Бр.09-1402/1                                                                           СОВЕТ  НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

24.08.2020                                                                                             Претседател,

Делчево                                                                                            Драган Маневски

Shares