Повторно санирано тениското игралиште

  • Новости

Со поддршка од фирмата Алпин-ком деновиве е извршена повторна санација на тенсикото игралиште во Делчево со што тоа ќе биде повторно ставено во функција на љубителите на тенисот како репрезентативен спорт. Соочени со фактот поради вандализмот на кое е подложено игралиштето кое е честа мета на несовесни граѓани, во наредниот период тениското игралиште ке биде достапно за бесплатно користење на сите љубители на тенисот секој ден од 15 до 19 h., додека во другиот период од денот игралиштето ќе биде под клуч за да не се дозволи повторно негово уништување.

Исто така, Општина Делчево деновиве врши санација и на другите детски и спортски игралишта, а во агендата е и осветлување на игралиштето кај делчевската гимназија.

 

Shares