Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево во соработка со сообраќајната полиција од Полициската станица од општа наделжност во Делчево од 09.10.2020 година ја започна кампања „Брзината убива-вози одговорно“. Кампањата се спроведува со цел да се зголеми на јавната свест на учесниците во сообраќајот за последиците од неодговорното учество во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди на подрачјето на Општина Делчево.
Во рамките на кампањата се предвидени чести контроли на возачите и брзината на движење на возилата на влезот и излезот од градот Делчево, но и на фреквентните улици „Маршал Тито“ и „Кеј на Брегалница“ каде покрај редовната контрола, на возачите им се делеа едукативни материјали. Локациите на кои се реализираше кампањата се делници од улици и патишта каде во изминатите 5 години се имаат случено сообраќајни незгоди и каде има реакции од страна на жителите за непочитување на ограничувањето на брзината на движење.
Оваа кампања е предвидена во Годишната програма на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево за 2020 година, а едукативниот материјал е обезбеден од страна на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.