Градската капела од денеска е дадена на користење на ЈКП „Брегалница“. Комисии од Општина Делчево и од ЈКП „Брегалница“ извршија примопредавање на објектот и опремата во него. Како што истакнаа од ЈКП „Брегалница“ по завршување на административната процедура и утврдување на протоколот за работа на капелата , таа ќе биде ставена во функција.
Инаку, за потребите на градската капела, Општина Делчево набави и соодветна опрема и инвентар, а наредниот период хортикултурно ќе се уредува просторот околу објектот, а ќе се изгради и паркинг-простор за лесни возила.
Изградбата на градската капела е инвестиција на Општина Делчево, вредна 7 милиони денари со вклучен ДДВ.