Општина Делчево организира пригодна свеченост во чест на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба. Настанот ќе се одржи на 23 октомври (петок) во 10:00 ч со положување свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот.
По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19, односно задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат соодветно растојание за време на настанот.