Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16,35/18,198/18 и 143/2019) ,член 11 од Законот за пожарникарство-Пречистен текст(Службен весник на Република Македонија бр.168/2017) и член 22 од Закон за работните односи-Пречистен текст(Службен весник на Република Македонија бр.167/2015) а во согласност со Правилникот за систематизација на работните места бр.08-563/1 31.03.2016 година, Правилникот за измена на Правилникот за систематизација на работните места со архивски број 08-389/2 од 01.03.2018 година,Правилникот за измени и дополнувања на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација со архивски број 08-2110/1 од 06.12.2018 година и Правилникот за измени и дополнувања на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација во Општина Делчево со архивски број 08-2098/1 од 11.11.2019 година и Правилникот за измени и дополнувања на Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација во Општина Делчево со архивски број 08-2252/1 од 21.11.2019 година, Градоначалникот на Општина Делчево објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2020 за вработување на неопределено време на 1(едно) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна Единица-ТППЕ Делчево
Општина Делчево има потреба од вработување на неопределено работно време на 1(едно ) други помошно технички лица во Територијалната Противпожарна единица-ТППЕ за следното работно место:
1.а) -реден број 65.1, шифра-УПР0402Б15000, назив на работното место-Пожарникар раководител на противпожарен сервис,број на извршители 1(еден);
б) општи услови:
- -кандидатот да е државјанин на Република Северна Македонија;
- -да е полнолетен/а;
- -да има општа здравствена способност за работното место;
- -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија,дејност или должност и
- -активно да го користи македонскиот јазик;
-општи работни компетенции на основно ниво:
учење и развој,комуникација,остварување на резултати,работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнатите страни-(проверка на општите и посебните работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју);
в)посебни услови
- -стручни квалификации-IV степен техничко образование или гимназиско образование или електромеханичар или автомеханичар;
- -возачка дозвола за Б и Ц категорија;
- -работно искуство:со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж;
-други посебни услови:
-сертификат за стекната квалификација пожарникар,(вработениот во Територијалната Противпожарна Единица Делчево има обврска во рок од една (1) година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука на РСМ во спротивно му претстанува вработувањето).
г)распоред на работно време
-дневно работно време во две смени од 07.00 часот со 19.00часот и од 19.00часот до 07.00 часот, 40 часовно-неделно работно време;
д) паричен износ на нето плата: 15.990,00 денари.
ѓ) напомена: согласно Измената на Годишниот план за вработување за 2020 година на Општина Делчево вработувањето е предвидено за Македонец(ка).
3.а) Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 3(три) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса:
- Општина Делчево со назнака за Оглас бр.02/2019
- ул.Светозар Марковиќ бр.1
- 2320 Делчево
Лице за контакт: Џулиета Мемедова,телефон:078/338-180;
Пријавата за вработување може да се подигне од Архивата на Општина Делчево или да се превземе од веб страната на Oпштина Делчево: www.delcevo.gov.mk.
Пријавата за вработување треба да содржи:
- -податоци на кандидатот(име и презиме,матичен број,датум и место на раѓање,адреса и место на живеење,електронска адреса на кандидатот, контакт телефон,припадност на заедницата);
- -кратко мотивациско писмо;
- -кратка биографија;
- -изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделено;
- -изјава за исполнување на посебниte услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
- -изјава за исполнување на други посебни услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следната потребна документација:
- -уверение за Државјанство на Република Северна Македонија(оригинал или заварено на нотар);
- -диплома за завршено средно образование IV степен техничко образование или гимназиско образование или електромеханичар или автомеханичар (оригинал или заверена на нотар);
- -извод од историјата на вработување од Центар за вработување;
- -преглед од Фондот за ПИОМ за потврда на работно искуство;
- -лекарско уверение како доказ да има општа здравствена способност за работното место;
- -уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија,дејност или должност издадено од Основен суд;
- -уверение дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија,дејност или должност издадена од Централен регистер на РСМ;
- -сертификат за стекната квалификација пожарникар(вработениот во територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерство за образование и наука на РСМ,во спротивно му претстанува вработувањето);
Ненавремени и некомплетени пријави нема да се разгледуваат.
б)постапка за селекција ќе биде спроведена во следните фази:
-проверка на веродостојност на доказите(проверка на комплетност на пријавата и доказите) и интервју;
-Градоначалникот со Решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум(8) дена од истекот на рокот за пријавувањето на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.
Комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите.
По проверката на веродостојност на доказите,преку електронска адреса или телефонот за контакт наведени во пријавата се закажува ден,час и место каде ќе се изврши интервју.
Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми пропишани од Градоначалникот на Општина Делчево.
По спроведената постапка за селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг-листа на кандидатите кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
Од ранг-листата се избираат онолку кандидати со припадност на заедница согласно со одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор.
Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на Градоначалникот,кој врши избор во рок од 15(петнаесеет) дена.
Вработениот во Територијалната противпожарна единица има обврска во рок од една (1) година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекнатат квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Mинистерство за образование и наука на РСМ, во спротивно му претстанува вработувањето.
- Одлуката за избор ќе биде донесена во рок согласно член 23 од Законот за работни односи-Пречистен текст (Службен весник на Република Македонија бр.167/2015).