Три години заедно работиме за да го изградиме Делчево-подобро место за живеење и на истекот од тригодишниот мандат можам слободно да истакнам дека работевме посветено, одговорно и максимално вложувајќи се во решавањето на многу отворени прашања од сите сфери на живеењето, често ставани „под тепих“ од моите претходници и, успеавме да одговориме на круцијални прашања во Делчево, ги реализиравме сите ветени капитални инвестиции, изградивме патна инфраструктура на територијата на Општина Делчево во должина од над 18 км, решивме децениски проблеми со кои го подобруваме квалитетот на животот.
Ова го истакна градоначалникот Трајковски на прес-конференцијата одржана по повод отчетот на работата на локалната власт, на која зборуваше за реализираните проекти, соработката со Советот на Општина Делчево и подобрувањето на ефективноста на општинската администрација.
Реализирани проекти:
- Во тек е реконструкција на ул. „Маршал Тито“ од ресторан Трла до Таушанското маало (изградба на потпорни ѕидови и пропусти);
- Во тек е реконструкција на улицата „Вера Јоциќ“;
- Изградба на нова улица во населба СРЦ;
- Изградба на улици од 1 км во населба Басарица;
- Изградба на фекална канализација во населба Басарица-с.Полето;
- Атмосферска канализација во населба Милково Брдо;
- Атмосферска канализација во населба „Басарица“
- Атмосферска канализација на улица во СРЦ;
- Атмосферска канализација на улица во населба Пролет;
- Изградба на нова водоводна линија во нас. Басарица;
- Изграден првиот пешачки мост на река Брегалница со придружни објекти;
- Изградена е градската капела;
- Финални подготовки за изградба на современ градски пазар;
- Рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево;
- Рехабилитација на државниот пат А3 с. Ѕвегор-Граничен премин Делчево;
- Доизградба на локалниот пат Илиово-Турија, делница од с. Турија до с. Трстија;
- Реконструкција на регионален пат Делчево-Бигла- Виница;
- Рехабилитација на регионален пат Делчево-Пехчево;
- Реконструкција на ул. „Светозар Марковиќ“;
- Реконструкција на ул. „Маршал Тито“;
- Реконструкција на ул „Питу Гули“;
- Поставена сообраќајна сигнализација на реконструираните улици;
- Изградба на „Станбена улица 4“;
- Реконструкција на дел од ул. „Македонска“ во населбата Милково Брдо;
- Изградба на првата улица во населбата „Пролет“;
- Изградба на дел од улицата „Никола Јонков Вапцаров“ во центарот на Делчево;
- Изградена улица во селото Габрово;
- Реконструкција на крак од ул „Кеј на Брегалница“;
- Изградба на ул. „Илинденска“ со потпорни ѕидови;
- Изградба на ул. „Гоце Делчев“ и Пијанечка“ во с. Тработивиште;
- Изградба на улица во с. Разловци;
- Во тек е изградба на улица во с. Град;
- Изградба на пешачки патеки и тротоари;
- Изградба на крак на ул „Орце Николов“;
- Редовна санација и прочистување на пристапни патишта во селата;
- Во тек е изработка на нов ГУП на Делчево;
- Подобрена веб-транспарентноста и буџетската транспарентност на Општина Делчево;
- Поставени 2,5 тони активен јаглен прв пат и 18 тони кварцен песок; (11.000 евра);
- Набавка на машини и опрема во ЈКП „Брегалница“ во висина од 14 милиони денари;
- Изградба на нов парк-хортикултурно уреден на местото на стара дива депонија во центарот на Делчево;
- Во тек е реализација на големиот проект „Водоснабдување на Делчево“; (7,3 милиони швајцарски франци);
- Поставена нова дренажа со зафат на водата од река Ракитина во с. Разловци;
- Реконструкција на водоводна мрежа во с. Габрово;
- Изградба на фекална канализација во с. Полето;
- Изградба на фекална канализација во с. Стамер;
- Продолжување фекална канализација во с. Град;
- Изградба на потпорен ѕид на ул. „Плачковица“;
- Пристапни патеки во Први реон,во с. Ѕвегор, Габрово,Стар Расадник, Градска капела;
- Набавка на канти за ѓубре и контејнери;
- За прв пат поставени садови за отпад во с. Разловци;
- Се грижиме за животната средина, се организираат редовни акции за чистење на дивите депонии, се прошируваат зелените јавни површини, хортикултурно уредување на јавните површини, изградивме нов парк-хортикултурно уреден на местото на стара дива депонија во центарот на Делчево;
- Заштитени како природни реткости три локалитети во Делчево и се ставени во функција на туризмот со строго определени правила и соодветна заштита: Киселичката пештера, Палеонтолошкото наоѓалиште кај Стамер и геолошкиот профил кај Ѕвегор;
- Го јакнеме волонтеризмот-акција за почисто и поубаво Делчево;
- Замена на 760 улични светилки со лед светилки во Делчево и 7 населени места;
- Инвестиции во нови линии за улично осветлување и зголемување на бројот на улични светилки во сите населби во општината;
- Поставени фотоволтаични централи на три јавни објекти: административна зграда на Општина Делчево, ООУ „Ванчо Прке“ ООУ „Св.Климент Охридски;
- Набавка на опрема за лична заштита во ТППЕ;
- Во тек е набавка на ново противпожарно возило;
- Санација на просторните услови на просториите на ТППЕ;
- Зголемување на бројот и на износот на ученичките стипендии; (исплатени 1,54 мил ден);
- Нова мерка-еднократна парична помош на секое прваче во Делчево;
- Организирани обуки за напредни технологии, роботика и претприемништво;
- Во соработка со НВО-доделени 70 таблети на ученици кои живеат во социјален ризик;
СОУ М.М.Брицо
- Изградена е енергетско-ефикасна фасада на СОУ „М.М.Брицо“; (2,4 мил ден);
- Направена современа работилница за потребите на прехранбената струка во СОУ „М.М.Брицо“; (450.000 ден);
- Поставена е нова водоводна линија за потребите на големата спортска сала; (92.000 ден);
- Набавка на лаптопи и таблети за потребите на СОУ „М.М.Брицо“; (400.000);
ОЈУДГ „Весели цветови“
- Целосна реконструкција на канализациската мрежа во делот на кујната до главниот одвод, реконструкција на кујната и набавка на кујнски апарати во ОЈУДГ „Весели цветови“;
- Реконструкција на кровот и дел од фасадата во ОЈУДГ „Весели цветови“;
- Подготовки за отворање градинка во други просторни услови, една занимална со придружни по закон простории во с.Разловци и во простор на ООУ ,,Св.Климент Охридски“Делчево;
- Набавени играчки и дидактички средства за сите воспитни групи, нишалки и релаксатори за бебиња во јаслите;
- Набавено е возило за дистрибуција на храна во ОЈУДГ „Весели цветови“; (Инвестиции во градинка 2,25 мил ден);
ООУ „Ванчо Прке“
- Реконструкција на спортската сала и влезовите во ООУ „Ванчо Прке“; (2 мил ден);
- Изградба на дворна ограда на училиштето „Ванчо Прке“; (550.000 ден);
- Изработен основен проект за изградба на енергетско-ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Прке“;
- Санација на подовите и монтирање ламинат во училниците во ПУ во с. Звегор;
- Замена на столарија-врати и прозорци во ООУ „Ванчо Прке“;
- Замена на столарија-врати и прозорци во ООУ „Ванчо Прке“;
ООУ „Св.Климент Охридски“
- Во ООУ „Св.Климент Охридски“ во тек е постапка за изградба на дворната ограда на училиштето, вредност 1.2 милиони денари;
- Изработен е проект за адаптација на поткровјето на училиштето „Св.Климент Охридски“ и ставање во функција на образованието.
- Реконструкција на дел од училишната зграда во ПУ во с. Тработивиште и планирана замена на дрвената столарија;
- Набавена ит-опрема за потребите на далечинското учење,
- Хортикутурно уредување и одржување на дворот на училиштето;
ЈЛБ „Илинден“
- Воведување електронско издавање книги во ЈЛБ „Илинден“
- Електронска евиденција и обработка на книги во системот КОБИС;
- Инвестиции во инвентар, полици, канцеларии, набавка на опрема за осовременување на условите за работа во ЈЛБ „Илинден“;
- Зголемен книжниот фонд на ЈЛБ „Илинден“ со нови наслови, набавена и црковна литература и литература за деца;
- Опремена современа читална на ЈЛБ „Илинден“;
Култура и соработка со НВО-секторот
- Организација на концерти и изложби во рамките на Делчевско лето;
- Организирана научна трибина по повод 1150 години од смртта на Кирил Филозоф;
- Мултифункционален центар во функција на граѓаните и на Советот на Општина Делчево;
- Сала за венчавање
- Уредена и означена планинарската патека Голак-Виница, како и планинарската патека за Кукуљето во с. Нов Иственик;
- Поддршка на спортските клубови и на здруженијата на граѓани;
- Стартешки документи:Стратегија за родова еднаквост на општините Делчево, Берово и Пехчево, како и Акциски план на Општина Делчево; Стратегија за надворешна комуникација на Општина Делчево; Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор во Општината; Стратегија за социјална заштита, а во моментов работиме на Стратегија за ЛЕР за 2021-25 г.
- Сертификат за општествена одговорност;
- Доизградба на храмот „Св.Кирил и Методиј“(фасада и кров);
- Богато новогодишно украсување;
- Активности за заштита на населението од ковид 19 и хуманитарни акции за социјално загрозени семејства;