Одлука за избор на кандидати по јавен оглас за вработување на пожарникар – Раководител на противпожарен сервис во ТППЕ на Општина Делчево

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Бр.04-1716/11
10/11/2020 година
ДЕЛЧЕВО

Врз основа на член 17, член  23 став (1) и став (5) и член 25 став (1) од Законот за работни односи-Пречистен текст (Службен весник на Република Македонија 167/2015), член 50 став 1 алинеја 14 од Законот за локалната самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр.05/2002) и член 11 од Законот за пожарникарство-Пречистен текст(Службен весник на РМ.бр.168/2017), Градоначалникот на Општина Делчево донесе

ОДЛУКА За избор на кандидати по јавен оглас за вработување на Пожарникар -Раководител на противпожарен сервис во ТППЕ на Општина Делчево

 

  1. Со оваа Одлука, а согласно предложената ранг листа  на кандидати за избор на еден(1) извршител по Јавен оглас за вработување за работно место Пожарникар-Раководител на противпожарен сервис во ТППЕ на Општина Делчево со бр.2/2019 и со архивски број 04-1716/1 од 29.10.2020 година, се избира ДИМИТАР ВАНЧО ПОСТОЛОВСКИ со ЕМБГ 2809994492501   за работно место Пожарникар-Раководител на противпожарен сервис во ТППЕ- Делчево со звање Пожарникар  -Раководител на противпожарен сервис и шифра на работното место УПР0402Б15000.
  2. Избраниот кандидат има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука на РСМ,во спротивно му претстанува вработувањето.
  3. Со именуваниот ќе се заснова работен однос по конечноста на ова Одлука.

Образложение 

      Општина Делчево  на огласната табла и интернет страницата на општината и во дневните весници Нова Македонија,Слободен печат и Коха, објави Јавен оглас бр.1/2020 со архивски број 04-1716/1 од 28.10.2020 година за пополнување на работното место Пожарникар-Раководител на противпожарен сервис во ТППЕ на Општина Делчево,еден(1) извршител.

Со Решение 04-1716/2 од 29.10.2020 година, од страна на Градоначалникот е формирана Комисија за селекција за Јавен оглас бр.04-11716/1 од 28.10.2020 година.

По спроведената постапка за административна селекција, Комисијата  утврди со Записник со архивски број 04-1716/7 од 06.11.2020 година дека кандидатот ги исполнува условите, и понатамошната фаза на постапката на кандидатот се продолжува.

Комисијата за селекција, спроведе постапка за интервју , утврди Записник со архивски број 04-1716/9 од 09.11.2020 година и изготви Конечна ранг на кандидати со предлог за вработување со архивски број 04-1716/10 од 09.11.2020 година и ја достави до Градоначалникот на Општина Делчево со избраниот кандидат Димитар Ванчо Постоловски со ЕМБГ 2809994492501 .

Избраниот кандидат има обврска во рок од една година од денот на вработувањето, да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар,издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука на РСМ,во спротивно му претстанува вработувањето

Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Одлука.

ПРАВНА ПОУКА :

Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до во рок од 8 (осум) дена од  денот на приемот на Одлуката до Државната Комисија за одлучување во управната постапка и постапката од работен однос во втор степен.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

                                                                                                                 Градоначалник
Горан Трајковски

Доставено до :

-Архива;
-Димитар Постоловски;
-Одделение за УЧР ;

Изготвила:
Џ. Мемедова

Одобрил:
Ш.Багашов

Одлука за избор на кандидати по јавен оглас за вработување на пожарникар – Раководител на противпожарен сервис во ТППЕ на Општина Делчево

Shares