Се става асфалт на ул „Вера Јоциќ“ со што завршува реконструкцијата на една од најфреквентните улици во населбата Милково Брдо во Делчево во должина од 599 метри. Увид во работите денеска изврши градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој истакна дека населбата добива современа сообраќајница која значи и поголема безбедност во сообраќајот и за пешаците и за возилата.
-Реконструкцијата на оваа улица е дел од големиот инфраструктурен проект „Подобрување на јавните општинските услуги“ кој се реализира преку МСИП- проектот на Министерство за финансии, со финансиска поддршка преку Светска Банка кој се реализира со средства од под-заем во висина од 32.252.287 денари што подразбира, реконструкција на улици во градот содолжина од 1,3 км и со изградба на комплетно нова улица во населбата СРЦ. Освен реконструкцијата на ул „Вера Јоциќ“, со овој проект е опфатена и реконструкцијата на улица „Маршал Тито“ со должина од 743 метри, како и изградбата на комплетно нова улица во населбата СРЦ улицата бр. 7. Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на животот на локалното население од овие улици, но, воедно и на сите жители на ОпштинаДелчево, рече Трајковски.
Тој најави дека деновиве ќе започне асфалтирање и на ул „Маршал Тито“, на потегот од касарната до Таушанско мало.
-Со реализација на овој проект решаваме големи проблеми на граѓаните, го подобруваме квалитетот на животот и придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот, а исто така, се зголемува капацитетот на протокот на овие улици, но и се намалуваат трошоците за одржување на веќе дотраените коловозни Директна корист од реализацијата на овој проект имаат 1130 жители на општина Делчево, истакна Трајковски.
Инаку, на потегот на оваа улица и на неколку краци во населбата, претходно беше поставена атмосферска канализација во должина од 2 км со што се реши долгогодишниот проблем со атмосферската вода која при обилни дождови предизвикуваше поплавување на повеќе објекти и имоти на граѓаните во овој дел од населбата. Изградбата на атмосферската канализација е преку проект на Министерството за транспорт во вредност од 13 милиони денари и Европската инвестициска банка.