Постапка за ослободување од плаќање на комунална такса за јавно осветлување

Вид - Име на услугата
Постапка за ослободување од плаќање на комунална такса за јавно осветлување
Потребни документи

1. Барање до Совет на Општина Делчево – готов образец во ОЦУ – кој граѓанинот/клиент го пополнува (во барањето да се наведе образложение за причините зошто се бара ослободувањето)
2. Фотокопија од последна платена сметка за потрошена електрична енергија
3. Фотокопија од лична карта
4. Уплатница за административна такса

Административна такса

Административна такса

Износ: 50 денари.

Сметка: 100000000063095

Уплатна сметка: 840 120 03182

Приходна шифра: 72231500

Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Делчево

Банка на примач: НБРМ

Цел: барање

Прием на барањето

Општински центар за услуги (ОЦУ)

Место на реализација

Општина Делчево

Рок на реализација

Во рок од 15 дена од денот на приемот на Барањето ќе биде изготвен одговор на барањето и доколку барањето е оправдано ќе биде проследено до Советот на општината на одлучување. По донесување на позитивна Одлука од страна на Советот на општината, истата се проследува за извршување до надлежна служба на ЕВН-Македонија.

Начин на доставување на услугата / документот

На начин кој барателот го има наведено во барањето:

  • лично подигање од ОЦУ од страна на подносителот – барателот на услугата
  • по пошта – со достава на адреса на барателот
Потребни барања
Рок на жалба
Законски основ

Закон за комунални такси (Службен весник на РМ, бр.61/04 и измени 64/05, 92/07, 123/12, 154/15,192/15, 23/16)

Забелешка