Реконструкција на фасадата во ООУ „Ванчо Прке“

Делчевското основно училиште од Владата на РСМ доби 5,1 милион денари за реконструкција на фасадата на училиштето . Согласно со Одлуката објавена во Службен весник, училиштето добива износ потребен за реализација на значаен проект за ова училиште што ќе значи изградба на енергетско- ефикасна фасада која покрај тоа што ќе донесе нов лик на училиштето, училиштето ќе штеди и енергија.

Директорот на ООУ „Ванчо Прке“, Горан Велков, истакна дека фасадата на училиштето не е реконструирана од неговото отворање во 1972.

-Изградбата на енергетско-ефкасна фасада е приоритетен проект за нашето училиште и значи нов лик на зградата, но и заштеда на енергија и на повеќе средства во буџетот на училиштето кое сега ги троши за затоплување. Динамиката на реализација на средствата на проектот ќе биде уредена со договор, така што во овој момент, најавуваме дека градежните работи ќе се реализираат во текот на 2021 г, а воедно, изразуваме и голема благодарност до Владата на РСМ што го прифатија нашиот проект и ни овозможија реализација на овој битен проект за нас, рече Велков.

Инаку, средствата за реконструкција на фасадата на училиштето се обезбедени од пренамена на средства за изградба на карго- аеродромот во Штип, а врз основа на анализа за проценка на економска оправданост. Станува збор за вкупно средства во висина од 49.743.119.00 евра распределени за реализација на 97 проекти на ниво на држава. Динамиката на реализација на средствата  на овие проекти ќе биде уредена со поединечни договори помеѓу концендентот Влада на Република Северна Македонија во својство на инвеститор и концесионерот ТАВ Македонија и општините, каде ќе се реализираат проектите.

Shares