Се уредуваат природните реткости во Делчево

  • Новости

Во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, Компонента: Подобрување на статусот на природните вредности во Брегалничкиот регион, Македонското еколошко друштво (МЕД) во партнерство со Општина Делчево го реализира проектот „Обележување и изработка на различни информативни и едукативни содржани за природните реткости Стамер, Ѕвегор и Киселичка Пештера“ кои беа прогласени за природни реткости во 2019 година.

Целата на оваа фаза од ПЗП е подобрување на сатусот на природните вредности во Брегалничкиот регион преку прогласување нови заштитени подрачја, меѓу кои и категоријата на природни реткости и нивно промовирање.

За таа цел, за гореспоменатите природни реткости во Опшина Делчево, во тек се следните заштитно-промотивни мерки:

– Поставување информативни табли со основни податоци за вредностите на палеонтолошкиот локалитет Стамер (од кои една на патот кој води према локалитетот и една на почетокот на едукативната патека), една на геолошкиот профил Ѕвегор и една кај Киселичка Пештера.

– Поставување 4 мали едукативни табли на локалитетот Стамер каде се откриени карактеристични наоди од пикермиска фауна (жирафа, носорог, коњ со три прсти и мастадон) и 3 на геолошкиот профил Ѕвегор;

– Поставување патокази кон локалитетите Стамер и Ѕвегор;

– Уредување место за одмор кај локалитетот Стамер и уредување едукативна патека согласно со наодите од теренот.

– Изработка на трофеј на глава од жирафа, којашто е белег на локалитетот Стамер во природна големина и копии од пронајдените фосили од жирафа.

Shares