Донесен Буџетот на Општина Делчево за 2021

  • Новости

На денешната 48 Седница на Советот на Општина Делчево, советниците го донесоа Буџетот на Општина Делчево за 2021 година кој е во висина од 311.896.856 денари. Основниот Буџет е планиран во висина од 117.293.456 денари. Капиталните расходи во вкупниот буџет се планирани во износ од 86.156.429 ден. , додека во основниот буџет се планирани во износ од 62.575.456 ден. и изнесува 53% во основниот буџет. Капиталните расходи во најголем дел се однесуваат на изготвување проекти за улици и патишта, надомест за одземен имот, изградба и реконструкција на улици и патишта и тоа како во урбаниот, така и во руралниот дел на општината, планирани се и средства за изградба на новиот пазар:

За подготвување проекти за улици и патишта се предвидени 1.000.000 денари; За изградба на улици и патишта- 20.736.000 ден.; за реконструкција на улици и патишта се планираат 4.500.000 ден, за изградба и реконс. на преч. станици 5.406.000, за изградба на други објекти 19.695.000; за надзор над изградбата 900.000 ден, за набавка на возила (дигалка за потребите на јавното осветлување и возило за ТППЕ ) се планираат 2.300.000 ден, за надомест на одземен имот 2.000.000 ден, за купување опрема 580.000 денари. Најголем износ од средствата за изградба на други објекти се однесува за изградба на градскиот пазар, помал износ се за изградба на скејт- парк, како и други помали објекти).

На 48 Седница на Советот на Општина Делчево беше усвоен и Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2020 година -квартал 3; Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година; Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година; Буџетски календар; Одлука за одвојување средства за финансиско учество на Општина Делчево во имплементација на проекти од регионално значење; Измените на Годишен план за вработување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2021 година; Програмата за работа на Советот на Општина Делчево за 2021 година; Одлука за измена и дополнување на Одлуката за формирање Совет за социјална заштита на Општина Делчево; Годишната програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2021 година; Одлука за изменување на Одлуката за доделување на стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија и кои постигнале особено висок успех во студирањето.

Shares