Претставници од унгарското Здружение „ Khronos“ во посета на Делчево

  • Новости

Претставници од Здружението „Khronos од Република Унгарија заедно со претставници од Центарот за Источно-плански регион денеска остварија работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, со цел запознавање со Општина Делчево, актуелните, приоритетните и планираните проекти за реализација од областа на животната средина,

Како што беше истакнато на средбата, Здружението „Khronos“ планира да отвори канцеларија во РС Македонија за поддршка на проекти за развој на општините и Источниот плански регион. Здружението е веќе присутно во Р. Србија, Р. Црна Гора и Р. Хрватска, а се работи за Програма која ќе опфаќа пред сè инвестициски, сложени проекти (со минимална вредност од 400 000 евра) од областа на животната средина. Проектите кои би биле начелно прифатени од нивна страна би биле поддржани од LIFE фондот на Европската Унија.

Shares