Одржан состанок на Иницијативниот одбор за конституирање Локално собрание на млади

  • Новости

Членовите на Иницијативниот одбор за конституирање Локално собрание на млади на Општина Делчево денеска го одржа својот прв работен состанок на кој се разговараше за улогата и задачите на Иницијативнот одбор и нивната соработка со Општината во креирањето на Локалното собрание на млади.

 Иницијативниот одбор заедно со Општина Делчево наредниот период ќе распише Јавен повик за членство во Локалното собрание на младиИзбраните делегати на Локалното собрание на млади ќе бидат поканети од Иницијативниот одбор да учествуваат на конститутивната седница, со која ќе заседава ИО заедно со одговорното лице на Општината. Повикот ќе биде отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнуваат критериумите превидени во повикот. Повикот ќе биде објавен на веб-страницата и фб-страницата на Општината и ќе биде достапен за сите млади.

Shares