Градоначалникот Трајковски денеска присуствуваше на онлајн час по предметот општество во ООУ „Св.Климент Охридски“ во класот на наставничката Васка Филиповска, како дел од активностите во наставната програма по овој предмет и со цел запознавање со работата и ингеренциите на градоначалникот и на Општината.
За време на часот, учениците се интересираа за повеќе теми, за поголема безбедност во сообраќајот, за поставување урбана опрема и изградба на скејт-парк и аква парк и повеќе содржини за младите во градот.
Трајковски, освен што одговараше на прашањата на учениците, ги истакна и должностите на градоначалникот и начинот на кој функционираат Советот, одделенијата и секторите во Општина Делчево, посочувајќи и низа проекти кои се реализираат во Делчево со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Инаку, во рамките на предметот општество, секоја година учениците од 4 одделение од двете основни училишта во градот ја посетуваа админситративната зграда на Општина Делчево и остваруваа средби со градоначалникот, но оваа година поради актуелната пандемија, часовите ќе се одржуваат онлајн со учениците.