Република С Македонија
УП 1 бр 08-13 од 20.04.2021 година
Општина Делчево
Врз основа на член 46 став 9 и член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15,193/15,31/16,163/16,64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Делчево за 2020 година со Одлука бр. 09-55/1 од 10,01,2020 година , од Советот на Општина Делчево, Градоначалникот на Општина Делчево донесе:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета за Локална урбанистичко-планска документација за А3-групно домување на КП бр. 530/1, 531, 532/1, КО Тработивиште, Општина Делчево
Границата на планскиот опфат на Локалната урбанистичко-планска документација за А3-групно домување на КП бр. 530/1, 531, 532/1, КО Тработивиште, Општина Делчево започнува на север на границата помеѓу КП 531, КП 532/2 и КП 3378; се движи кон запад по границата помеѓу КП 531 и КП 532/2, сè до КП 532/1; од тука, се движи кон запад по границата помеѓу КП 532/1 и КП 532/2, сè до КП 558/2; од тука, се движи кон југ по границата помеѓу КП 532/1 и КП 558/2, сè до КП 531; од тука, се движи кон југ по границата помеѓу КП 531 и КП 558/3, сè до КП 530/2; од тука, се движи кон исток по границата помеѓу КП 531 и КП 530/2, сè до КП 530/1; од тука, се движи кон југ по границата помеѓу КП 530/1 и КП 530/2, сè до КП 3361; од тука, се движи кон југоисток по границата помеѓу КП 530/1 и КП 3361, сè до КП 529/2; од тука, се движи кон север по границата помеѓу КП 530/1 и КП 529/2, сè до КП 529/1; од тука, се движи кон север по границата помеѓу КП 530/1 и КП 529/1, сè до КП 531; од тука, се движи кон исток по границата помеѓу КП 531 и КП 529/1, сè до КП 3378; од тука, се движи кон север по границата помеѓу КП 531 и КП 3378, сè до КП 532/2 (почетна точка).
Вака дефинираниот опфат има површина од 0.61 ha.
Јавната презентација ке се одржи на ден 27.04.2021г во просториите на Спомен дом „АСНОМ“ (сала на совет) со почеток во 12:00 часот и почетокот на јавната презентација воедно ќе претставува и почеток на јавна анкета, а истата ке трае 5 работни дена, односно заклучно со 10,05,2021 г година а приемот на анкетни листови и информации за планот може да се добијат од 8,00 часот до 15 часот во просториите на Општина Делчево во архива или соба бр/5 како и преку системот е – урбанизам . Во наведениот период и време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат и достават анкетни листови.
Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица планот ќе биде изложена на Огласна табла на Општина Делчево, на селската меана „гостилница Крилце“ (кај Крилцето) во центарот на село Тработивиште , на веб страницата на Општина Делчево и на системот е – урбанизам..
За заштита и безбедност по здравјето на учесниците , Општина Делчево ке постапи во согласност со Протоколот број 3 за одржување на седници на органи на управување и конференции кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спрешување за ширење на корона вирусот на Владата на Република Северна Македонија.
Општина Делчево
Градоначалник
Горан Трајковски
Анкетниот лист за ЈА и ЈП за дом за стари можете да го превземете ОВДЕ