Решение за свикување на 52. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.15/2013), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 21 .04.2021 година, донесе

РЕШЕНИЕ
за свикување на 52. редовна седница на
Советот на Општина Делчево

I

Ја свикувам 52. седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 28.04.2021 (среда) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

-Усвојување на Записник од 51.седница

1. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источно-планскиот регион за 2020 година со Годишен финансиски извештај, со Заклучок за усвојување;

2.Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Источно-планскиот регион за 2015-2019 со Заклучок за усвојување;Образлагач: Претставник на Центарот за развој на Источно-планскиот регион.

3.Завршна сметка на ЈКП „Брегалница“- Делчево за 2020;

4.Годишен извештај за работата на ЈКП „Брегалница“- Делчево за 2020 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

5. Предлог-Одлука за приоритетен предлог-проект и финансиско учество;

6.Предлог-Одлука за приоритетен предлог проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби;
Образлагач: По точките 5 и 6-Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР.

7.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект со намена различна од утврдената во важечко-планската документација, објект со намена Трафостаница „БОНД“ по барање на ЕВН Македонија;

8. Предлог-Одлука за дополна на Програмата за урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2021 година;
Образлагач: По точките 7 и 8-Горан Петровски-Советник за енергетска ефикасност.

9.Предлог- Програма за социјална заштита на Општина Делчево за 2021 година;
Образлагач: Сузана Петровска- Советник за вработување и информативен систем и за човечки ресурси

10. Предлог-Одлука за финансиска помош Тања Механџиски;

11. Предлог-Одлука за финансиска помош Стојанка Тодоровска;

12. Предлог-Одлука за финансиска помош Влатко Цинцовски;
Образлагач: По точките 10, 11 и 12 -Драган Маневски-Претседател на Советот на Општина Делчево.

13.Предлог-Одлука за доделување награда на најдобрите ученици од ромска националност во општинските основни училишта;
Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.

14.Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за определување на населени места во општина Делчево во кои обврзниците се ослободуваат од плаќање на комунална такса за јавно осветлување;

15.Предлог-Програма за работа на Соработникот за превенција, заштита и спасување, Сектор за урбанизам, заштита на животна средина, комунални дејности, сообраќај и ЛЕР, Одделение за локален економски развој, превенција, заштита и спасување при општина Делчево за 2021 година;
Образлагач: По точките 14 и 15 -Кире Цоневски- Соработник за превенција, заштита и спасување.

16.Годишен извештај за реализирани активности на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата- Делчево за 2020 година со Заклучок за усвојување;

17. Предлог-Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата- Делчево за 2021 година;
Образлагач: По точките 16 и 17-Николина П.Мавродиева-Виш соработник за сообраќај и патишта.

18.Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за добивање на решение за реконструкција на санитарни јасли во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево;

19. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за добивање на решение за адаптација со пренамена на поткровен простор во ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.
Образлагач: По точките 18 и 19- Звонко Атанасов-Раководител на Одделението за урбанизам, заштита на ЖС, комунални дејности и сообраќај.

20. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година.
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за буџетска контрола, сметководство и администрирање со имотот на Општината;

21. Предлог-Програма за урбана опрема на територијата на град Делчево;
Образлагач: Андријана Соколовска-Помлад соработник за уредување на градежно земјиште.

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Бр.09—745/1
21.04.2021 год.
Делчево                                                               

Совет на Општина Делчево
Претседател
Драган Маневски

Shares