Екипи на ЈКП „Брегалница“ ја исчистија дивата депонија создадена кај селото Стар Истевник со што се одговори на барањето на жителите да се реши проблемот со расфрланиот отпад од страна на несовесни граѓани во атарот на селото.Од дивата депонија се подигнати големи количини отпад и градежен шут, а просторот сега е уреден и вратен во првобитната состојба.
Бидејќи создавањето диви депонии низ целата општина е хроничен проблем, повторно се апелира за поголема свест за животната средина и природата која не треба да се загадува, но пред сè, се апелира за почитување на Законот за јавна чистота.
Екипите на ЈКП „Брегалница“ во континуитет работат на чистење на дивите депонии согласно со Програмата за работа, а деновиве повторно ќе се чисти дивата депонија кај манастирот „Св.Балаклија“.