Издавање на решение за утврдување/измена на режим на сообраќај

Вид - Име на услугата
Издавање на решение за утврдување/измена на режим на сообраќај
Потребни документи
  1. Барање до Општина Делчево, Одделение за урбанизам,  заштита на животна средина, комунални дејности и сообраќај -готов образец во ОЦУ –кој граѓанинот/клиент го пополнува
  2. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај во 4 (четири) примероци;
  3. Извештај за извршена ревизија на основниот сообраќаен проект во 4 (четири) примероци;
  4. Извод од важечки урбанистички план или урбанистички проект со конкретна намена на локацијата за која се бара утврдување/измена на режим на сообраќај;
  5. Изјава за користење на личните податоци во текот на постапката (дадена во прилог на барањето).
  6. Доказ за платена административна такса тарифен бр.22 во износ од 1 350 денари.
  7. Доказ за платена административна такса тарифен бр.1 во износ од 50 денари.
Административна такса

Цел на дознака-Административна такса за утврдување/измена на режимот на сообраќај

Назив на примачот————————–Трезорска сметка

Банка на примачот————————–Народна банка на Република Македонија

Сметка——————————————-100000000063095

Износ———————————————1.400,00 денари

Уплатна сметка——————————–840 120 03182

Приходна шифра и програма————–722315 – 00

Прием на барањето

Општински центар за услуги (ОЦУ)

Место на реализација

Одделение за урбанизам, заштита на животна средина, комунални дејности и сообраќај

Рок на реализација

Во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето

Начин на доставување на услугата / документот

На начин кој барателот го има наведено во барањето и тоа:

  • лично подигање од  ОЦУ од страна на подносителот – барателот на услугата
  • по ПТТ пошта
Рок на жалба

30 дена од денот на приемот на решението

Законски основ

Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 348 ( Службен весник на Р. Македонија бр.169/15……122/21)

Забелешка

Образецот/ барањето може да се симне и од web страната на Општината