Решение за свикување на 55. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 одСтатутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 20.08.2021 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на 55. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

I

            Ја свикувам 55. редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 27.08.2021 (петок) со почеток во 14.00 часот,во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

-Усвојување на Записник од 54.седница

 

1.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево  за период од 01.01. 2021 до 30.06.2021 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделение за буџетска контрола, сметководство и администрирање на даноци.

2.Годишен план за  вработување на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;

  1. Предлог-Одлука за давањесогласностзаутврдувањенапочетокот и завршетокотнаработнотовремево ОЈУДГ „ВеселиЦветови“-Делчево;
  2. Предлог-Одлука за давање согласност на Правилникот за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за износот и надоместокот на трошоците за престој на деца во установата што паѓаат на товар на родителите бр.0202-94/3 од 13.08.2021 година.

Образлагач:По точките2,3 и 4-Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

  1. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за добивање нарешениезаизградбанаотвореноспортскоигралиште – СкејтпарквоДелчево;

Образлагач: Николина Петровска Мавродиева

  1. Годишен извештај на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за учебната 2020/2021 година со Заклиучок за усвојување;
  2. Годишна Програма за работа на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево за учебната 2021/2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Горан Велков-Директор на на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево.

8.Годишен извештај на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за учебната 2020/2021 година со Заклучок за усвојување;

  1. Годишна Програма за работа на ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево за учебната 2021/2022 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.

          10.Прашања и предлози на членови на Совет.

            II

            Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

Бр.09—1456/1
20.08.2021 год.
Делчево

Совет на Општина Делчево
Претседател
Драган Маневски

Shares