Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 20.09.2021 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 56. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 56. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 24.09.2021 (петок) со почеток во 15.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 55.седница
- Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Стојан Димитровски-Командир на ПС од општа надлежност Делчево.
- Годишен план за вработување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.
- Годишен извештај за работата на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за учебната 2020-2021 година со Заклучок за усвојување;
- Годишна програма за работата на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за учебната 2021-2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Љупчо Прачковски-Директор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево.
- Годишен извештај за работата на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за воспитната 2020-2021 година со Заклучок за усвојување;
- Годишна програма за работата на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за воспитната 2021-2022 година со Заклучок за усвојување;
- Предлог-Одлука за давање согласност на изменување и дополнување на Статутот на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;
- Предлог-Одлука за согласност за утврдување на работното време на установата за објект 3 во село Разловци;
Образлагач: По точките 5,6,7 и 8-Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Бр.09—1902/1
24.09.2021 год.
Делчево
Совет на Општина Делчево
Претседател
Драган Маневски