Министерот Бочварски од Делчево: Делчево го доби својот изглед на модерен град

  • Новости

Интензивно се работи на реализација на инфраструктурните проекти во Делчево кои се дел од Проектот за поврзување локални патишта во РСМ кој МТВ го реализира со финансиска поддршка на Светска банка. Увид во градежните работи на ул. „Орце Николов“ денеска извршија министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Како што истакна министерот Бочварски, Делчево во овие четири години го доби својот изглед на модерен град.

Денеска извршивме увид во реконструкција на улицата Орце Николов. Ова е една од улиците во градот со чија реконструкција ќе се подобрат условите за живеење на граѓаните. И не е случај само со оваа улица. И на улицата Скопска и на улицата Острец, со реконструкција на локалниот пат до Тработивиште.  Со сите овие инвестиции го менуваме ликот на Делчево и овозможуваме подобри услови за живот на сите граѓани, истакна Бочварски.

Тој додаде дека во Делчево и нема регионален пат кој не е рехабилитиран. Целосно е  рехабилитиран патниот правец од Кочани до Делчево,  потоа од Делчево до Пехчево, понатаму патот до Звегор, транзитниот булевар. Освен во патишта, се инвестираше и во комуналната инфраструктура завршена е изградба на атмосферската канализација во  Милково Брдо,  каде вложивме 11 милиони денари, а со средства од ТАВ програмата, предвидена е инвестиција во висина од 5 милиони денари за реконструкција на училишната фасада на основното училиште Ванчо Прке.

Овие погранични општини ни се од особена важност заради регионалното поврзување, пограничната соработка со соседните општини и затоа вложуваме и инвестираме за подобар живот, полесно поврзување и раздвижување на економијата и генерално, за просперитетна иднина на сите граѓани, истакна Бочварски.

Градоначалникот Трајковски изрази благодарност до Владата и до министерот Бочварски за конкретната поддршка за Делчево.

-Со поддршка на Владата, преку МТВ и Светска банка одговараме на приоритетите на сите жители на Делчево. Како никогаш претходно, Делчево доби околу 800.000 евра неповратни средства наменети за решавање инфраструктурни проблеми и средства кои носат развој, подобар квалитет на животот и подобрување на состојбата со патната инфратсруктура во Делчево. Во првата фаза се реконструира и гради инфраструктура во должина од 6.1 км., а во наредната втора фаза од реализацијата, повторно ќе ги слушаме приритетите на граѓаните и ќе продолжиме со изградба и реконструкција на други улици во Делчево, рече Трајковски.

Во населбата Ново Делчево привршуваат работите за реконструкција на две клучни сообраќајници „Скопска“ и „Орце Николов“, со вкупна должина од 750 м, а деновиве започнуваат гардежните работи и на ул „Острец“ каде ќе се прошири коловозот на критичната кривина и ќе се изгради потпорен ѕид со што ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од улицата, а интензивно се работи на изградба на патот Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 км со што се добива уште една сообраќајница која овозможува полесен пристап до селата Тработивиште и Разловци, односно се гради уште една патна алтернатива за овие две села во Делчево.

Shares