Заврши изградбата на дел од велосипедската патека Делчево-Илин Камен

Заврши доизградба на дел од велосипедската патека Делчево-Илин Камен во рамките на која се изгради улица во с. Ѕвегор, како дел од патеката која е долга 720 метри.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Министерство за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, а во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Висината на инвестицијата е 4,999,893.25 со вклучен ДДВ. Од Бирото за рамномерен регионален развој се обезбедени 3.500 000 денари. Градежните работи ги изведуваше фирмата СД Транс.

Реализацијата на овој проект е во насока на промоција на природниот раритет Илин Камен кој е во непосредна близина на Ѕвегор, зголемување на потенцијалите и содржините на туризмот во Делчево, како и промоција на велосипедизмот и рекреативното пешачење.

Со оваа инвестиција  ереализиран и вториот дел од велосипедската патека која поминува низ с. Звегор и за имплементација за целосно финализирање на патеката ќе остане да се поврзе селото Звегор со локалитетот Илин Камен, фаза која предвидува уредување на шумскиот пат со потпорни ѕидови на местата, каде патот е уништен со ерозија на земјиштето.

Shares