Денови на хуманост: Ликовна работилница

  • Новости

Од денеска, па наредните три дена талентирани ученици од делчевските училишта заедно со штитеници од Дневниот центар ќе ги учат тајните на сликарството во рамките на Ликовната работилница која се реализира од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ . Ликовната работилница е  дел од програмата на„Деновите на хуманоста“ посветена на 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост, а во организација на Општина Делчево и локалните институции.

Во работилницата активно се вклучени 16 ученици и 3 лица од Дневниот ценатр за лица со посебни потреби, а стручни соработници се Александар Белогаски и Благица Стојановска.

Примарната цел на активноста е интеграција и дружење на учесниците, но и создавање ликовни творби со посебен акцент на техниките на сликарството. Творбите од работилницата ќе бидат изложени по завршување на работилницата.

Shares