Советниците ја одржаа Третата седница на Советот на Општина Делчево на која расправаа и донесоа одлуки по 14 точки од предложениот Дневен ред за Седницата.
Со гласови од мнозинството советници, беше донесен Буџетот на Општина Делчево за 2022 г кој тежи 286.088.378 денари и Основен буџет од 97.117.000 ден. Капиталните расходи во вкупниот буџет се планирани во износ од 51.594.000 денари, додека тековно– оперативните расходи се планирани во износ од 234.494.378 ден. Во Основниот буџет, капиталните расходи се планирани во износ од 40.424.000 денари, или 41,6%, додека тековно –оперативните расходи се планирани на износ од 56.693.000 ден. или 58,3%. На Седницата беше усвоен и Буџетскиот календар за 2022 и Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за наредната година.
Инаку, на почетокот на Седницата беше формирана и Комисија за изработка на на Програма за работа на Совет за 2022 година. Советниците го усвоија Извештајот за реализација на Програмата за социјална заштита за 2021, ја донесоа и Програмата за родова еднаквост на мажите и жените за 2022 г., Програмата за управување со отпад во Општина Делчево за 2022; Програма за јавна чистота на Општина Делчево за 2022 година; Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2022 година.
Советниците дадоа зелено светло и на Одлуката за приоритетен проект „Набавка на контејнери за цврст отпад“ во рамки на грантот од Проектот за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), Компонента В: Грантови за успешност. Набавените контејнери ќе бидат наменети и поставени во најсиромашните села во општината согласно со донесената урбанистичка ревизија. Вкупната проектна вредност e 1.422 021.90 со вклучен ДДВ, а грант- средствата кои се обезбедени од Компонента В: Грантови за успешност се во висина од 1. 422 021.90 мкд.
Инаку, деновиве беше одржана и 4 Седница на Советот на Општина Делчево со единствена точка на Дневниот ред- донесување Одлука за урбанистички план – ДУП за УЕ3, дел од урбан блок 3.2, Општина Делчево, плански период 2019-2024, конечен предлог план со технички број 55/2019 од декември 2021 г – плански период 2019-2024 г, документ неопходен за апликација во МТСП за изградба на нова детска градинка во населбата Расадник. Одлуката беше едногласно поддржана од сите присутни советници на Седницата.