СРЕЌНИ И БЕЗБЕДНИ ПРАЗНИЦИ!

  • Новости

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево претпразнично  реализираше дел од кампањите на тема: „Брзината убива – вози одговорно“ и „Стоп за управување возило под дејство на алкохол“ со дистрибуција на едукативни флаери со мотото МЛАДОСТ БЕЗ ЛУДОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ!

Целна група на оваа активност се младите возачи кои преку овие материјали ќе се потсетат за одговорно учество во сообраќајот за време на новогодишните празници, но и за последиците од управување возило под дејство на алкохол и брзо возење.

Овие материјали беа дистрибуирани во кафулињата во градот Делчево и ќе бидат достапни за сите посетители на овие објекти за време на празниците со што директно ќе се влијае на подигнување на јавната свест за безбедно учество во сообраќајот. Воедно, активноста беше прифатени и поддржана и од сопствениците на кафулињата.

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево апелира за одговорно учество во сообраќајот за време на новогодишните празници и задолжително користење зимска опрема.

Shares