Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. Гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 18.01.2022 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на Петта редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам Петтата редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 25.01.2021 (вторник) со почеток во 14.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од Трета и Чевртата седница на Советот на Општина Делчево
- Предлог-Одлука за верификација на мандат на член на Совет на Општина Делчево.
Образлагач: Гоце Попов-Претседател на Комисијата за прашањата на верификација, изборите и именувањата.
- Предлог-Одлука за разервирани средства за експропријација во Буџетот на општина Делчево за 2022 година;
Образлагач: Шабан Багашов-Раководител на Сектор зафинансиски прашања.
- Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2021 квартал 3 со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за буџетска контрола, сметководство и администрирање на даноци.
- Предлог-Програма за превенција на детско претстапништво за 2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Марија Симова-Претседател на Советот за превенција на детско претстапништво;
- Извештај за реализација на Годишната Програма за одбележување настани и културни манифестации за 2021 година со Заклучок за усвојување;
- Годишна Програма за одбележување настани и културни манифестации за 2022 година;
Образлагач: По точката 5 и 6- Даниела Такева-претседател на Комисијата
- Извештај за реализација на Годишната Програма за промоција и комуникација со јавноста за 2021 година на Општина Делчево со Заклучок за усвојување;
- Програма за за промоција и комуникација со јавноста за 2021 година на Општина Делчево за 2022 година;
Образлагач: По точките 7 и 8- Даниела Такева-Советник за протокол на градоначалникот и односи со јавноста.
- Предлог-Програма за превенција и заштита на Општина Делчево за 2022 година;
Образлагач: Кире Цоневски-Соработник за превенција и заштита.
- Предлог-Одлука за определување паричен надоместок на претседателот и членовите на Управниот одбор на Јавната локална библиотека „Илинден“-Делчево;
Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ „Илинден“- Делчево.
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект станбена куќа зграда бр.1 по барање на Славе Постолов;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект помошен објект зграда бр.2по барање на Славе Постолов;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект објект за одгледување на кокошки зграда број 1 по барање на Дарко Димитров;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат-објект објект за одгледување на крави и сместување на храна за животни зграда број 3 по барање на Дарко Димитров;
- Предлог-Одлука за утврдување на зони за процена на пазарна вредност на недвижен имот и утврдување на пазарна вредност на градежно и земјоделско земјиште според просечни цени на извршени купопродажби во претходна година на подрачјето на општина Делчево;
- Предлог-Програма зауредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Делчево за 2022 година;
- Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општински патишта и улици во општина Делчево за 2022 година;
Образлагач: По точките 11,12, 13, 14, 15, 16 и 17 -Звонко Атанасов-Раководител на Одделението за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животната средина.
- Предлог-Програма за работа на Советот на млади на Општина Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
- Извештај за работата на Советот на млади при Општина Делчево со Заклучок за усвојување.
Образлагач:По точките 18 и 19-Родна Деолска– Претседател на Советот на млади на Општина Делчево.
- Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2022 година;
- Предлог-Одлука за давање согласност на висината на надоместокот за одржување на паркови и јавно зеленило во општина Делчево;
- Предлог-Одлука за давање согласност на висината на надоместокот управување и одржување на градските гробишта во општина Делчево;
Образлагач: По точките 20, 21 и 22-Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.
- Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација Градежна Парцела бр.2.05 и Градежна Парцела бр.2.06 од ДУП урбанблок,,Пролет 1,,на Делчево КО Делчево,Општина Делчево;
Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.
- Предлог-Одлука за парична помош по барање на Стефанија Сапаловска;
- Предлог-Одлука за парична помош по барање на Александра Јочевска;
Образлагач: По точките 24 и 25-Ана Ситновска-Димитровска-Советник-одговорен сметководител.
- Предлог-Програма за социјална заштита на општина Делчево за 2022 година;
Образлагач: Сузана Петровска-Советник за вработување и информативен систем за човечки ресурси.
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09-101/1
18.01.2022
Делчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Гоце Попов