Се градат краците од новиот водоводен систем во с. Ѕвегор

  • Новости

Продолжува интензивната изградба на новиот водоводен систем во с. Ѕвегор, како дел од втората фаза од големиот проект за Водоснабдување на Делчево.

Во моментов се одвиваат градежни работи на резерварот со капацитет од 150м3, кој е со капацитет три пати поголем од стариот резервоар и согласно пресметките, комплетно ќе одговори на потребите на жителите на с. Ѕвегор.

Деновиве започнаа и активности за изградба и поставување водоводна инсталација на повеќе водоводни линии, односно краци од системот во селото: краци 6Б, 7Б, 8Б и 9Б. Се поставуваат  флексибилни полиетиленски цевки HDPE со дијаметар DN 110 mm, со што Ѕвегор ќе добие комплетно нов водоводен систем.

Паралено со изградбата на потребните објекти од водводниот систем во с. Ѕвегор, се вршат и подготвителни активности за отпочнување на градежните активности за изградба на нов водоводен систем и во с. Габрово.

Втората фаза од проектот „Водоснабдување на Делчево“, е финансиран од Министерството за животна средина во висина од 1, 3 милиони швајцарски франци. Вкупниот проект „Водоснабдување на Делчево“ е во износ од 7, 3 милиони швајц.франци од кои 6 милиони се донација од Швјацарската конфедерација, а 30.000 швајцарски франци контрибуција на Општина Делчево.

Shares