Со пригодна свеченост делчевскиот средношколски центар СОУ„М.М.Брицо“ , денеска ја одбележа 98- годишнината од раѓањето на патронот Методи Митевски –Брицо, како и 61-годишнината од постоењето на оваа образовна институција во Делчево .
По тој повод ученици од СОУ „М.М.Брицо“ подготвија пригодна програма, а пред присутните се обрати и вд директорката на училиштето, Дијана Цоневска која истакна дека прославувањето 61 година од постоењето обврзува да се продолжи со уште поголема ангажираност со цел да се постигнуваат уште поголеми резултати во воспитно-образовниот процес.
– СОУ „Методи Митевски – Брицо“денес е модерна образовна установа која ги следи сите актуелни новитети во поглед на унапредувањето на воспитно-образовниот процес и зајакнување на квалитетот на средното стручно образование. Опремена е со современи наставно-нагледни средства и помагала кои го поттикнувааат и зголемуваат интересот на учениците, професорите перманентно стручно се усовршуваат СОУ„Методи Митевски – Брицо “е траен белег на едно постоење, непрекината врска на генерациите, наша сегашност и иднина. И надеж дека засекогаш тоа и ќе остане, потенцираше Цоневска.
Градоначалникот Трајковски испраќајќи честитка по повод патрониот празник порача дека отворањето перспективи, нови визии, восприемање на европските вредности и подготовка на младите за пазарот на трудот, преку зајакнување на квалитетот на средното стручно образование и подготовка на младите кадри за нивната иднина, се приоритетите на Општината.
-Делчевската гимназија 61 година промовира вредности преку својата просветна дејност и образова генерации и генерации млади луѓе кои од клупите на делчевскиот средношколскии центар излегуваат подготвени да создаваат, да творат, да даваат свој придонес во развојот на нашиот град, држава. Делчевскиот средношколски центар е нашата гордост и ме радува фактот што продолжува со својата успешна приказна пермаментно надградувајќи го воспитно- образовниот процес следејќи ги сите новитети со цел да биде посакувано училиште атрактивно за новите млади генерации. Им посакувам успешна работа, а како Општина даваме поддршка за секој предизвик во воспитно-образовниот процес, нагласи Трајковски.
Свеченоста започна со оддавање почит и положување свежо цвеќе пред бистата на Методи Митевски-Брицо во дворот на делчевската гимназија.