РЕШЕНИЕ за свикување на Осмата редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локалнa самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 29.04.2022 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на Осмата редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

I

 

Ја свикувам Осмата редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 29.04.2022 (петок) со почеток во 14.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

 

 -Усвојување на Записник од Седмата  седница на Советот на Општина Делчево

  1. Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Источен плански регион за 2021-2026 со Заклучок за усвојување;
  2. Годишен извештај за рзботењето на Центарот за развој на Истечен плански регион за 2021 година со Годишен финансиски извештај за 2021 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Претставник за Центарот за развој на Источен плански регион.

  1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2022 за периодот од 01.01.2022 до 31.03.2022 со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Анка Христова-Раководител на Одделението за буџет, сметководство и администрирање на даноци.

  1. Извештај за работата на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

  1. Годишна сметка на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2021 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Марија Сумрачка- Сметководител на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

  1. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно но земјиште за добивање на одобрение за градење на Фотоволтаична централа на терен со капацитет цца 250 KW лоцирана на К.П.бр.118, 119,120/2, 121/4, 126/1, 127/3, 128/1, 129 и 130/1, КО Тработивиште во општина Делчево;
  2. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат-објект станбена куќа зграда бр.2 по барање на Радојко Веселиновски;
  3. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат-објект помошен зграда бр.3 по барање на Радојко Веселиновски;
  4. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат-објект магацин за железо зграда бр.4 по барање на Радојко Веселиновски

Образлагач: Звонко Атанасов-Раководител на Сектор за урбанизам.

  1. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства;

Образлагач: Ана Ситновска Димитровска-Одговорен сметководител.

  1. Предлог-Одлука за приоритетен предлог-проект и финансиско учество за проект „регулација на корито на река Брегалница во Централно-градско подрачје на град Делчево низводно-фаза 2“;
  2. Предлог-Одлука за приоритетен предлог-проект и финансиско учество за проект „Реконструкција на Локален пат Л-14 Делчево-Стамер-Општина Делчево, прва фаза“;

Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР.

  1. Дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2022 година;

Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.

  1. Прашања и предлози на членови на Совет.

II

            Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09- 738/1
20.04.2022
Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Гоце Попов

Shares