Под мотото „МВР за граѓаните“ и промовирајќи го концептот „Полицијата во служба на граѓаните“, денеска во Делчево се одржа централната прослава по повод Денот на македонската полиција, 7 Мај.
На свеченоста присуствуваа претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и други министри и претставници од Владата на РСМ, претставници од амбасадите во РСМ, директори на полициите од земјите од регионот,пензиониранои припадници на МВР, семејства на загинатите припадници на МВР, пратеници во Собранието, претставници на други институции.
Mинистерот Спасовски додели плакети за успешно реализирани оперативни акции и најдобри постигнати резултати во МВР за 2021 година, а во своето обраќање по повод свеченоста меѓу другото истакна дека институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните, независно на нивните лични определби и ставови, воспоставени се модерни стандарди коишто целосно ќе ја реализираат клучната позиција на институцијата, а тоа е полиција – сервис на граѓаните на Република Северна Македонија.
-Следејќи го доследно пулсот на времето, на регионалните и глобалните политички и безбедносни трендови, но и потребите и очекувањата на граѓаните, од сегашна преспектива можеме слободно да заклучиме дека Министерството за внатрешни работи, сите негови организациски единици веќе се етаблираат не само како сервис и партнер на граѓаните, туку и како респектабилен партнер на надворешен план, активно ангажирани во мноштво регионални и меѓународни иницијативи, асоцијации и проекти во речиси сите области од безбедносната сфера, порача Спасовски.
Спасовски упати и порака дека полицијата може и мора да остане доследна на трасираниот пат на бескомпромисно чување на законот и законитоста; на редот и поредокот и, секако, на сигурноста и безбедноста на сите наши граѓани.
Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитки по повод празникот и апелираше до сите припадници на МВР, да бидат првата врата на која ќе тропнат граѓаните, првиот број на кој ќе се јават секогаш кога ќе се почувствуваат беспомошни и небезбедни.
– Затоа што е важно да се стекне и одржи високо довербата кај граѓаните, и да бидете пример за тоа што значи професионален полициски службеник во служба на граѓаните. Длабоко сум убеден дека заемната доверба соработката из астанувањето на вистинската праведната страна на законот, ќе придонесите да имаме побезбедни улици, подемкоратски и пооправенди институции кои по ништо нема да заостануваат зад високостандардните европски полициски сили. Собранието на РСМ ќе биде, како и досега отворено за ваши предлози, сугестии и законски измени кои ќе бидат во насока на подобрување на ефикасноста на МВР, во насока на подобрување на вашиот статус, порача Џафери.
Централната прослава и содржините спакувани во неа дадоа одлична можност и за дружење на граѓаните со припадниците од организациските единици на полицијата кое покрај забавниот има и едукативен карактер во врска со полициската професија, а во интерес на сите генерации.
Во градскиот парк во Делчево беше презентирана дел од опремата, ресурсите и вештините на припадниците на организациските единици на МВР, а најинтересниот дел беше за најмладите кои се дружеа најмногу за полицајците и имаа можност да се запознаат со изложената опрема и возила, додека повозрасните граѓани кои денеска беа пристуни во градскиот парк се запознаа со потенцијалот и опремата што ја поседува македонската полиција.
Во културно-забавниот дел од прославата настапија фолклорните друштва од Делчево, „Копачка“, КУД „Гоце Делчев“, ФГ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, како и пеjачката група „Ѓурѓа”. На сцената, гимназијалката Сандра Марковска, која е првонаградена на литературниот конкурс со наслов „Безбедно детство“, ја прочита својата наградена творба. Свеченоста се заокружи со концерт на познатите македонски естрадни уметници Дац и Александар.