Матеја Златковa, ученичка од 4-2 клас во СОУ „М.М.Брицо“, е прогласена за првенец на генерацијата од завршните класови. Ова е одлуката на Комисијата составена од професори од училиштето која ценејќи ги постигнатите резултати и успех во досегашното образование, го одбра првенецот на генерацијата од завршните класови, како и најдобрите 10 матуранти кои ќе добијат наградно патувањето низ Европа, награда која традиционално ја доделува Општина Делчево на 10-те најдобри матранти во СОУ „М.М.Брицо“.
По претходно спроведена постапка, критериуми, утврдени во Правилникот за истакнување , пофалување и наградување на ученици од страна на Комисијата формирана за таа цел во СОУ „М.М.Брицо“ беа избрани следните ученици:
1. Матеја Златкова ученичка во 4-2 клас
2. Антониj Цонев, ученик 4-1 клас
3. Марија Мишева, ученичка во 4-1 клас
4. Анастасија Ангелова, ученичка во 4-1 клас
5. Матеа Спасeвска, ученичка во 4-1
6. Ели Енѓовска, ученичка во 4-1
7. Марија Петровска, ученичка во 4-2 клас
8. Теодора Лазаревска, ученичка во 4-5
9. Теодора Богдановска, ученичка во 4-1 клас
10. Христијан Симоновски, ученик во 4-1 клас
Инаку,генерацијата матуранти 2018-2022 е 61 генерација матуранти од делчевската гимназија која брои 102 ученици. По пауза од две години, поради пандемијата со коронавирусот, делчевските матуранти ја продолжуваат традицијата и в петок ќе ја прослават матурската вечер со дефиле низ градот и забава во ресторан.