Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 18.05.2022 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на Деветтата редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам Деветтата редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 23.05.2022 (понеделник) со почеток во 14.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од Осмата седница на Советот на Општина Делчево
- Измена на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Билјана Прачкоска-Секретар на Општина Делчево.
- Предлог-Одлука за проширување на средства во Буџетот на Општина Делчево за 2022 година;
Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за буџет, сметководство и администрирање на даноци.
- Предлог-Одлука за определување на имиња на илици во градот Делчево;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат за објект станбена куќа зграда број 1 по барање на Цвета Начева;
- Предлог-Одлука за измена на Одлукатаза одвојување на средства за финансиско учество на општина Делчево во имплементација на проекти од регионално значење бр.09-2137/1 од 29.12.2020 година;
Образлагач: По точките 3,4 и 5 -Звонко Атанасов-Раководител на Сектор за урбанизам, уредување на градежно земјиште, комунални работи и сообраќај и заштита на животна средина.
- Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистики оланови на подрачјето на општина Делчево за 2022 година;
Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.
- Предлог-Одлука за доделување на стипендии на ученици прогласени за првенци на генерацијата во општинските училишта;
Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.
- Тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „брегалница“-Делчево за периодот 01.01.2022 – 31.03.2022 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Марија Сумрачка-Одговорен сметководител на ЈКП „Брегалница“-Делчево.
- Разгледување на Барање од Месна заедница Трети реон;
- Разгледување на Барање од граѓани кои живеат на ул.„Пере Тошев“ 08-731/1 од 19.04.2022;
- Разгледување на Барање бр.09-767/1 од 26.04.2022;
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09-893/1
18.05. 2022
Делчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Гоце Попов