Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа“, за активноста „Мобилен тим за посета за стари и изнемоштени лица и лица со попреченост“ (набавка на топол оброк, набавка на основни продукти за хигиена и исхрана, препишување и набавка на лекови, плаќање сметки, придружба на лекар или некоја друга институција по потреба, заедничка прошетка и дружење) да се пријават во просториите на Општина Делчево најдоцна до 27.06.2022 (понеделник).
Пријавата може да ја пополни и трето лице во име на крајниот корисник на услугите од проектот „Социјални услуги за сите“.
Критериуми според кои ќе бидат определени 32 крајни корисници се:
- Корисникот да не е во можност да ги извршува услугите кои се нудат со проектот;
- Корисникот да живее сам или поголемиот дел од денот да го поминува сам;
- Корисникот да припаѓа на некоја од социјално ранливите категории (старо лице или лице со попреченост).
Општина Делчево
Општински проектен координатор
Наташа Димитровска