РЕШЕНИЕ за свикување на 13. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весникна РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 23.08.2022 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на 13. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

I

            Ја свикувам 13. редовна седница на Советот на Општина Делчево.

 

Седницата ќе се одржи на 30.08.2022 (вторник) со почеток во 10.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

 

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

Усвојување на Записник од Вонредна седница

– Усвојување на Записник од 11. Седница

– Усвојување на Записник од 12. Седница

 

1.Предлог-Одлука за верификација на мандат на член на Совет

Образлагач: Гоце Попов-Претседател на Комисијата за прашањата на верификација, изборите и именувањата.

  1. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2023 година;

Образлагач: Билјана Прачкоска-Секретар на Општина Делчево.

  1. Предлог-Одлука заутврдувањенаценовникзакористењенауслугиодТериторијалнатапротивпожарнаединица (ТППЕ) Делчевокоиможатдасе
    даваатнафизички и правнилица;

Образлагач: Шабан Багашов-Раководител на Сектор за финансиски прашања.

4.Предлог-Одлука за измена на средства во Буџетот на Општина Делчево за 2022 година;

5.Предлог-Одлука за проширување на средства во  Буџетот на Општина Делчево за 2022 година;

Образлагач: По точките 4 и 5-Анка Христова-Раководител на Одделението за буџет, сметководство и администрирање на даноци.

6.Годишен план за вработување на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2023 година;

Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

7.Годишен план за вработување на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за 2023 година;

8.Годишна програма за работа на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за учебната 2022/2023 со Заклучок за усвојување;

Образлагач:По точките 7 и 8Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.

  1. Годишен план за вработување на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за 2023 година;

10.Годишен извештај на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за учебната 2021-2022 година со Заклучок за усвојување;

  1. Годишна програма за работа на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за учебната 2022/2023 со Заклучок за усвојување;

Образлагач:По точките 9,10 и 11-Горан Велков-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.

  1. Годишен план за вработување на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2023 година со Заклучок за усвојување;
  2. Предлог-Одлука за давање согласнoст за формирање на групи со поголем број на деца во ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

14.Предлог-Одлука за утврдување на работното време на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

Образлагач: По точките 12,13 и 14-Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

15.Предлог-Одлука за доделување на општинската наградата 7 Септември за 2022 година;

Образлагач:Кирил Тренчевски-претседател на Комисијата за доделување на наградата 7 Септември за 2022 година;

16.Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат за објект викенд куќа зграда бр.1 по барање на Методи Стоичов;

17.Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат за објект викенд куќа зграда бр.1 по барање на Кирчо Стоичов;

18.Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат за објект гаража зграда бр.1 по барање на Мише Антовски;

19.Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат за објект помошен објект зграда бр.2 по барање на Драган Стојковски;

20.Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат за објект помошен објект зграда бр.3 по барање на Mефаил Зекировски;

Образлагач:По точките од 16 до 20- Звонко Атанасов-Раководител на Сектор за урбанизам, комунални работи, соообраќај и заштита на животна средина.

21.Предлог-Одлука за заверка наПредлог детален  урбанистички план  за урбана единица 2, дел од блок 2.1 – Кожара, град Делчево, Општина Делчево плански период 2015-2020 со површина од 3,035 ха донесен  со Одлука бр.09-170/1 од 29.01.2021 година на Советот на Општина Делчево;

22.Предлог-Дополнување на Програмата за изрботка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2022 година;

Образлагач:По точките 21 и 22- Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.

  1. Годишен план за вработување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2023 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

24.Шестмесечен извештај за работењето на ЈКП „Брегалница“-Делчево со Заклучок за усвојување;

Образлагач:Марија Сумрачка, сметководител на ЈКП „Брегалница“-Делчево и Стојче Стојковски-директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

  1. Разгледување на Барање од ФК „Брегалница“-Делчево за доделување на средства за котизација за претстојното натпреварување во Третата македонска фудбалска лига;

Образлaгач: Гоце Попов-Претседател на Советот на Општина Делчево.

II

            Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09-1718/1
23.08.2022
Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
Гоце Попов

Shares