Кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач” која е наменета за промоција на згрижувањето како форма на детска заштита, на 4.10.22, вторник, во периодот од 10 ч. до 14 ч. ќе се реализира во Делчево.
Кампањата има за цел да се запознаат граѓаните од Општина Делчево со процесот на згрижување и со условите и бенефитите кон индивидуалното и општественото добро.
Настанот ќе се одржи пред Стопанска банка во Делчево, а стручен тим од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“ и „СОС Детско село“ ќе ги презентираат придобивките од згрижувањето и начинот на кој можете да се стане згрижувач. Истовремено, ќе може директно да се поразговара со постојан згрижувач, кој ќе го сподели своето искуство и ќе одговора на прашањата.
Бројот на деца без родителска грижа и оние во ризик да го изгубат сопственото семејство, е голем и потребни се повеќе згрижувачки семејства, за секое дете да може да биде заштитено од насилство и злоупотреба, да има стабилно домување и згрижувач.
Настанот првенствено е наменет за сите заинтересирани граѓани, со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можат да се информираат директно за згрижувањето.
Згрижувачите добиваат меѓународно сертифицирана обука, стручна помош и поддршка, и месечен надомест за згрижено дете, надомест за згрижувач, можност за пензиски примања со навушен 15-годишен стаж, како и други придобивки, согласно потребите на децата за кои се грижат.http://www.zgrizuvanje.
Националната кампања се спроведува од СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,11 Октомври” и ,,Битола”, Министерството за труд и социјална политика, како и локалните самоуправи, а e овозможена од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.