Се известуваат жителите од населбата Ново Делчево дека од понеделник, 17.10.2022 година, ќе почне реализацијата на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во населбата.
Со проектот се опфатени следните улици: „19 Октомври“, „Пијанечка“ , „Ленинова“, „Охридска“, „Пиринска“, „Осоговска“ и „Трст“. Реконструкцијата на водоводната инсталација подразбира замена на дотраените и старите азбестни цевки со нови полиетиленски.
Исто така, жителите од посочените улици е потребно да контактират со стручните лица од ЈКП „Брегалница“ со цел да извршат замена и на старите приклучоци до домовите со нови за позврување на новата улична водоводна мрежа.