Општина Делчево и за учебната 2022/23 година ќе доделува 28 ученички и студентски стипендии. Согласно со одлуките донесени на 15 Седница на Советот на Општината, условите остануваат непроменети, односно ќе се доделуваат 10 студентски стипендии во две категории и 18 средношколски стипендии во две категории: 4 студентски стипендии за студенти кои студираат на државните универзитети и постигнале особени високи резултати со висина на стипендијата од 3.500 ден; 6 стипендии за студенти кои студираат на државните универзитети, а потекнуваат од семејства со ниски месечни приходи со висина на стипендијата од 2000 ден; 8 стипендии за средношколци од 2,3 и 4 година кои учат во СОУ „М.М.Брицо“ и постигнале особено висок успех со висина на стипендијата од 1.500 ден и 10 стипендии на одлични ученици кои потекнуваат од семејства со ниски месечни приходи со висина на стипендијата од 1.000 ден.
Советниците донесоа и одлуки со кои се дадоа на трајно користење на ЈКП „Брегалница“ возило за компактирање со задно полнење ИВЕКО и 169 метални контејнери согласно со потпишаниот Договор меѓу Општина Делчево и Министерството за финансии.
Советниците го усвоија Годишниот извештај за работата на ОЈУДГ „Весели Цветови“ за воспитната 2021/2022 и Годишната програма за работа на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за воспитната 2022/2023 година.
Покрај другите точки на Дневниот ред, советниците донесоа и одлуки поврзани со урбанистичко-планските документации.
На продолжението на Седницата на Советот што се одржа денеска, советниците го усвоија Ребалнасот на Буџетот за 2022 г. со одредени забелешки. Исто така, на денешното продолжение, советниците усвоија одлуки за финансиска поддршка на КК „Патриот“ во износ од 30.000 денари, како и на две физички лица за лекување на кои се одобрија по 10.000 денари.