Денеска започна поставувањето на сообраќајната сигнализација на ноовоизградените и реконструираните улици во Делчево.
Се поставува сообраќајна сигнализација на улиците „Острец“, „Скопска“, „Орце Николов“ и новиот локален пат Делчево – Тработивиште, а во периодот што ќе следува ќе се работи и на дел од улиците „Маршал Тито“, „Вера Јоциќ“, „Улица 3“ и „Улица 4“ во Централното градско подрачје.
Улиците „Острец“, „Скопска“, „Орце Николов“ и локалниот пат Делчево – Тработивиште беа реконструирани во рамки на проектот „Поврзување на локални патишта“, имплементиран од страна на Министерството за транспорт и врски, каде како завршна фаза е предвидено имплементирање сообраќајни решенија за подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Додека за дел од улиците „Вера Јоциќ“, „Маршал Тито“ и „Улица 3“ кои беа реконструирани и изградени во МСИП2- проектот за подобрување на општинските услуги, Општина Делчево имаше обврска за поставување на сообраќајна сигнализација и опрема, а „Улицата 4“ се обележува како директна сообраќајна врска со „Улица 3“ и улица „Светозар Марковиќ“.
Имплементацијата на сообраќајните решенија се состои во поставување хоризонтална сигнализација (пешачки премини, стоп линии, разделни линии, автобуско и такси стојалиште итн.), вертикална сигнализација и опрема, како и технички средства за забавување на сообраќајот.
Финасирањето на сигнализацијата за улиците опфатени во проектот од Министерството за транспорт и врски е во рамки на финансиската конструкција од проектот, додека за улиците од МСИП 2 проектот финансирањето е од буџетот на Општина Делчево.
Изведувач на работите за поставување на сообраќајната сигнализација е БОЈТА ИНГ Скопје.
Воедно, се апелира до возачите на посочените улици каде се изведуваат работи на учиците, да ја почитуваат поставената сигнализација, да возат со намалена брзина и зголемена внимателност.