РЕШЕНИЕ за свикување на 16. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 23.11.2022 година, донесe

РЕШЕНИЕ

за свикување на 16. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

I

            Ја свикувам Шеснаесеттата редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 30.11.2022 (среда) со почеток во 12.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

 -Усвојување на Записник од 15. седница на Советот на Општина Делчево

1.Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Општина Штип, Општина Берово, Општина Виница, Општина Делчево, Општина Зрновци, Општина Карбинци, Општина Кочани, Општина Македонска Каменица, Општина Пехчево, Општина Пробиштип и Општина Чешиново-Облешево;

2.Предлог-Одлука за формиарње на заедничка комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу општина Општина Штип, Општина Берово, Општина Виница, Општина Делчево, Општина Зрновци, Општина Карбинци, Општина Кочани, Општина Македонска Каменица, Општина Пехчево, Општина Пробиштип и Општина Чешиново-Облешево;

3.Предлог-Решение за именување на членови на заедничка комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу општина Општина Штип, Општина Берово, Општина Виница, Општина Делчево, Општина Зрновци, Општина Карбинци, Општина Кочани, Општина Македонска Каменица, Општина Пехчево, Општина Пробиштип и Општина Чешиново-Облешево;

Oбразлагач: По точките 1,2,3-Ивана Ивановска-Советник за правни работи и застапување.

4.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Делчево за квартал 3 од 01.01.2022 до 30.09.2022 со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделение за буџет, сметководство и администрирање на даноци.

  1. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2022 година;

 Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.

  1. Акциски план за намалување на последиците од КОВИД 19 кај ромската етничка заедница во пост-КОВИД период на локално ниво Општина Делчево со период на имплементација од 2023 година до 2024 година со Заклучок за усвојување.
  2. Заеднички Локален Акциски план на Општина Делчево и ромската етничка заедница со период на имплементација од 2023 година до 2026 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: По точките 6 и 7-Џулиета Мемедова-самостоен референт за безбедност и здравје при работа.

8.Предлог-Одлука за задолжување со комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување;

  1. Предлог-Одлука за формирање на Локален совет за превенција;

10.Предлог-Одлука за формирање на Совет за јавно здравје на Општина Делчево;

11.Предлог-Одлука за формирање на Комисија за заштита на правата на пациентите;

12.Предлог-Одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачите

Образлагач: По точките 8, 9, 10, 11 и 12-Тони Стоименовски-Советник за Локален економски развој.

13.Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за печатење на книга „Дејноста на МРО во Пијанец од создавањето до крајот на Илинденското востание“.

  1. Предлог-Заклучок во врска со барање бр.25-2382/1 од 17/11.2022 на МЗ с.Вирче;

Образлагач: По точките 13 и 14Гоце Попов-Претседател на Совет.

  1. Прашања и предлози на членови на Совет.

Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09-2411- /1
23 .11.2022
Делчево

Совет на Општина Делчево
Претседател
Гоце Попов

Shares