РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
УП 1 – 08- 28 од 30.11.2022 година
Врз основа на глава 5 точка 2 и 3 и член 62 од Законот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република С Македонија бр 32/20 ), глава 3 од Правилникот за урбанистичко планирање ( Службен весник на Република С Македонија бр 225/20 ), Барање за одобрување од бр. 163/22 од 03.11.2022 г поднесено преку системот е – урбанизам на 03.11.2022 г. и член 63 од Законот за Локална самоуправа ( Сл. Весник на Р.М. бр 5 /2002) на ден 30.11,2022 г Градоначалникот на Општина Делчево донесе:
РЕШЕНИЕ за одобрување Проектна програма
со кое се ОДОБРУВА ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 1827, КП 1829, КП 3177/2, КП 3177/1 И КП 3177/3, КО ЅВЕГОР-ВГР, ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО (ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТО-НАПОНСКИ ПАНЕЛИ НА ЗЕМЈА) СО МОЌНОСТ ДО 1,0 MW т.бр 163/22 изработена од Друштво за проектирање, трговија и инженеринг РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци – од ноември 2022 г со Лиценца за проектирање градби од прва категорија бр.П292/А која важи до 25,09,2028 г, што е во согласност со законските одредби.
Постапка во систем – 46983
Образложение
Општина Делчево започна постапка за одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 1827, КП 1829, КП 3177/2, КП 3177/1 И КП 3177/3, КО ЅВЕГОР-ВГР, ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО (ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТО-НАПОНСКИ ПАНЕЛИ НА ЗЕМЈА) СО МОЌНОСТ ДО 1,0 MW т.бр 163/22 изработена од Друштво за проектирање, трговија и инженеринг РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци – од ноември 2022 г со Лиценца за проектирање градби од прва категорија бр.П292/А која важи до 25,09,2028 г, што е во согласност со законските одредби.
Постапка во систем – 46983
Со барањето е приложена следната документација и докази:
- Барање за одобрување бр. 163/22 од 03,11,2022 гподнесено преку системот е – урбанизам
- Проектна програма тех.бр. 163/22 од ноември 2022 г (pdf/dwg)
- Полномошно бр. узп 2917/2022 од 07,09,.2022 г
- Имотен лист бр.52335
- Имотен лист бр.1060
- Услови за планирање на просторот тех.бр. 45022
- Решение за услови за планирање УП1-15 2063/2022од 02,11.2022 г
- Геодетски елаборат –ажурирана геодетска подлога бр298/3-22 од 06,10,2022 г
- Мислење од комисија УП 1 бр 08-28 од 25,11,2022 г
Градоначалникот на Општина Делчево по извршениот увид во приложената документација и Предлогот за одобрување од Комисијата за урбанизам УП 1 бр 08-28 од 25,11,2022 г констатира дека се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање планирање ( Службен весник на Република С Македонија бр 32/20 ) и донесе решение како во диспозитивот.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО
Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, до органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот таксирана со 250,00 денари административна такса.
Решение од градоначалник за одобрувањеУП 08-28 ПП-2
изработил:
диа Горан Петровски
одобрил
Звонко Атанасов
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Горан Трајковски