Стоп за семејното насилство

  • Новости

Комисијата за еднакви можности при Општина Делчево со поддршка на ЈЛБ „Илинден“, образовните институции во градот и Општина Делчево изработи видеоспот во кој главни актери се ученици од образовните институции кои ја испратија порака против насилството врз жените и девојчињата. Со оваа активност, Општина Делчево се вклучува во кампањата „Стоп за семејното насилство-Животот е мој“ која истовремено се реализира и во Република Северна Македонија и во Република Бугарија, а воедно, го одбележа и последниот ден од годишната кампања„16 дена активизам против родово базирано насилство кое годинава се одбележа под мотото „Препознајте, блокирајте и пријавете дигитални и други форми на насилство врз жените и девојчињата.

Целта на кампањата е да се подигне свеста на општеството кон родовото базирано насилство.

Shares