Општина Делчево и фирмите задолжени за зимското одржување на локалните улици и патишта и јавните површини во Oпштината, се подготвени за првите снежни врнежи кои утрово донесоа снежна покривка во Делчево од 2-3 сантиметри и, засега, не предизвикаа посериозни проблеми.
Зимското одржување на општинските улици и патишта во Општина Делчево ќе го врши фирмата СД-ТРАНС-Ѕвегор, одбрана по спроведената јавна набавка и потпишаниот договор со економскиот оператор, како најповолен понудувач кој ќе постапува согласно со потребите на Општината и Планот за долгорочно зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево. За зимско одржување на локални улици и патишта, Општина Делчево има издвоено 1,4 милиони денари, вредност со пресметан ДДВ.
Согласно со Планот и предвидената приоритетна листа на зимско одржување патишта и улици, се опфатени патишта со асфалтен коловоз од 88,5 км, патишта со коловоз макадам од 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 39,45 км. Надзор на извршените работи врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.
Чистењето на снегот од коловозите на патиштата и улиците отпочнува пред дебелината на снегот да достигне 10 сантиметри за сообраќајниците од прв и втор приоритет и 15 сантиметри кај сите останати сообраќајници опфатени со планот, со посебно внимание на: острите кривини, стрмните косини, мостовите, големи надолжни нагиби и делови каде има сенка (шуми, осојничави места, реки и слично), патни премини и вкрстувања итн.
Одржувањето и чистењето на тротоарите и јавните површини во градот е обврска на ЈКП „Брегалница“ Делчево, од каде информираат дека претпријатието има обезбедено доволно количини ризла и сол, а по потреба сукцесивно ќе се набавуваат дополнителните количини на ризла и сол. Исто така, претпријатието располага со две нови машини ровокопачи-утоварач и со хидрауличен плуг за чистење снег со ширина од 300 см., како и две машини фрези за чистење снег од тротоарите и другите јавни површини.
Зимското одржување на регионалните и магистралните патишта на територијата на Општина Делчево се во надлежност на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта.
ПРИОРИТЕТНА ЛИСТА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ
ПАТИШТА
Прв приоритет:
Л-14,пат до с.Стамер,
Л-15,пат до с.Град,
Л-16;пат до с.Вирче,
Л-17;пат до Стар Истевник
Л-3;пат до с.Драмче
Л-2;пат до с.Ветрен
Л-10; пат до с.Илиово-Турија
Втор приоритет:
Л-3;пат Драмче-Вртиславци
Л-9:пат Драмче-Селник
Л-4:пат до с.Чифлик
Л-1:пат до мотел „Сандански“
Л-12:пат до Косово Дабје
Л-18:пат до Нов Истевник
Л-1: Делчево – Тработивиште
Трет приоритет:
Сите останати општински патишта и пристапните патишта до маалите на селата од разбиен тип и улиците во Тработивиште и Разловци.
УЛИЦИ
Прв приоритет:
-Методи Митевски Брицо,
-Тротоари и прилази на Булевар Македонија
-Маршал Тито,
-Пере Тошев,
-Вера Јоциќ,
-Горче Петров,
-Питу Гули,
-Голачка,
-Брегалничка со Ванчо Прке,
-Острец,
-Влаинска,
-Кузман Јосифовски Питу,
-Светозар Марковиќ,
-Никола Јонков Вапцаров,
-Мито Хаџивасилев Јасмин,
-Кузман Јосифовски Питу.
– Улица 4 ЦГП (кон пешачки мост)
– Улица 3 ЦГП (кон градски пазар)
*Пешачки мост „Гоце Делчев“ во ЦГП
Втор приоритет:
-Браќа Миладиновци,
-Велко Влаховиќ,
-Кирил и Методиј,
-Кеј на ослободување,
-Кеј на Брегалница,
-Орце Николов,
-Индустриска,
-Солунска,
-Иво Лола Рибар,
-Мирче Ацев,
-Плачковица,
-Видое Смилевски- Бато.
Трет приоритет,
Сите останати улици во Делчево и улиците во другите населени места.