ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ (ЛЕР) е една од најзначајните општински функции и надлежности, особено при преминот кон децентрализација чија главна цел е да обезбеди развој преку подготовка на проекти и промоција на фондови, поврзување на бизнис заедницата со партнерсрва од странство (донатори, општини и фирми).
Во смисла на промовирање на стопанската структура, комуналната инфраструктура, природни ресурси, и расположлива работна сила овој проект дава импулс за влез на нови претпријатија и го помага развојот на ново основаните фирми на територијата на Општината.
Преку активностите кои ги спроведува одделението за Локален економски развој се овозможува партнерите од јавниот, приватниот (бизнис) и невладиниот сектор да создадат подобри услови за економски растеж и отварање на нови работни места како и воспоставување и одржување динамична претприемачка култура и создавање нова заедница и деловна благосостојба со цел подобрување на квалитетот и условите на животот на сите во заедницата.
Целта е подобрување на економската состојба во општина Деелчево преку зголемување на обемот на приходите, по основ на експанзија на бројот на претпријатија во приватниот сектор и консеквентно зголемување на куповната моќ на граѓаните.
Целната група кон која се упатени проектните активности се локалната заедница, локалната самоуправа, малите и средните претпријатија, големите претпријатија, занаетчиите и претприемачите и услужниот сектор како и младите и граѓанскиот сектор..
Главните проблеми се индентификувани преку јавни расправи, форумски сесии, непосредна комуникација со месните и урбаните зедници, анкети, интервјуа и прашалници, повратни информации од граѓаните .
Во таа насока е изработен Стратешки план за Локален Економски Развој на Општина Делчево 2021-2025 година:
Одделението за локален економски развој ги врши работите што се однесуваат на:
- планирање на локалниот економски развој на Општината;
- предлагање и утврдување на развојните и структурните приоритет на Општината.
- воспоставување и развива мрежата на институции и агенции за промовирање на партнерството;
- врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Активности
- Операционализација на Стратегијата
- Поддршка на развојот на МСП
- Рационално искористување на природни ресурси
- Поттикнување на партнерства
- Регионален развој
- Меѓународна соработка