Општина Делчево распредели 1.160.000 денари од планираните 1.290.000 денари во Буџетот за поддршка на проекти и годишни програми на граѓански и спортски здруженија за 2023 г. Соодветните комисии ги утврдија листите на граѓанските организациите и спортските клубови кои добиваат поддршка Општина Делчево во 2023 г.
Комисијата за спорт ја утврди следната
ЛИСТА
за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот од Општина Делчево за 2023година
Р.бр. | Назив на спортскиот клуб и здружение | Износ | ||
1. | Здружение ФУДБАЛСКИ КЛУБ БРЕГАЛНИЦА-СЕНИОРИ Делчево | 290.000 денари | ||
2. |
Кошаркарски клуб ПАТРИОТ 2016 Делчево |
200.000 денари | ||
3. | Здружение ракометен клуб ДЕЛЧЕВО-ВАРДАР Делчево | 90.000 денари | ||
4. |
Кик-боксингклуб АС Делчево |
50.000 денари | ||
5. | Здружение спортско риболовно друштво БРЕГАЛНИЦА Делчево | 50.000 денари | ||
6. | Планинарски спортски клуб ГОЛАК –Делчево | 50.000 денари | ||
7. | Училишен спортски клуб ШАМПИОН-ДЕЛЧЕВО Делчево | 20.000 денари | ||
8. | Училишен спортски клуб КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ДЕЛЧЕВО Делчево | 20.000 денари |
Правно лице | Назив на спортската манифестацијата | Износ |
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Делчево | Тридневен едукативен камп со организација на натпревари | 30.000 денари |
Комисијата за доделување финансиска помош на граѓански организации, ја утврди следната
ЛИСТА
Ред.бр. | Граѓанска организација | Назив на проектот/програмата | Цели на проектот | Добиен износ во денари |
1. | Здружение на пчелари-два | Програма за унапредување и развој на пчеларството во Општина Делчево. | Целта на програмата е унапредување на пчеларството во општината, зачувување на пчелниот фонд, зголемување и полесно и поефикасно оплодување на овошките.
|
20.000 ден |
2. | Здружение на роднокрајни
автори ПИЈАНЕЧКИ ГЛАС Делчево |
Проект „Културни хоризонти“ | Проект од областа на културата и неговата цел е претставување роднокрајни автори од сите области на творењето со цел одбележување на 20- годишнината од формирањето на здружението и подигање на јавната свест за поголема поддршка на роднокрајните автори. | 30.000 ден. |
3. | Здружение Ф.Г.„Копачка“с. Драмче Делчево | годишна програма „Прослава на јубилеј- постоење на ЗФГ КОПАЧКА с.Драмче, Делчево | Цел е јакнење на свеста на младата популација за културното наследство на Пијанец и прослава на 75 години постоење на ФГ „Копачката“, а со тоа исполнување на предусловите за одржливост на орото „Копачка“на Репрезентативната листа на нематеријални културни наследства на УНЕСКО | 50.000 ден |
4. | Ромски културен и едукативен центар „ТЕРНИПЕ МК“ Делчево | „Со реализација на правата кои ми припаѓаат“ | Целта на овој проект е со знаење до реализација на правата кои им припаѓаат на маргинализираните и ранливите групи на граѓани од Делчево преку описменување за правата од социјална и здравствена заштита преку медиумска презентација, работилници, трибини, брошури и индивидуални средби за застапување со преставници од институциите | 30.000 ден. |
5. | ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ ГОЛАК-Делчево | Проект за мрежа на рекреативно-планинарски патека Свети Води | Целта на проектот е развој на туризмот, заштита на локалитетите, нивна промоција, развој на активен и планински туризам. Главни активности се мапирање, уредување, поставување маркација, поставување патокази и инфотабли. | 50.000 ден |
6. | Здружение Регионален центар за застапување-Делчево | Буџетски форум 2024 година | Целта на проектот е подготовка на општинскиот Буџет за наредната година преку со вклучување на граѓаните во планирањето и трошењето на општинските срдства кои се прибираат од граѓаните,транспарентност и партиципативност при донесувањето на Буџетот преку граѓанско учество. | 90.000 ден |
7. | КУД „Гоце Делчев“ | Набавка на опинци, реквизити и носии за КУД „Гоце Делчев“ Делчево -Традицијата продолжува | Целта е набавка на опинци,реквизити за постановка на кореографии, делови на докомплетирање на народните носии, апарат за фото и видеоснимање за архива, одбележување значајни настани од историското и културното минато, активности од посебен општествен интерс и сценска адаптација на кореографија „Делчевско ситно“. | 90.000 ден. |
Здруженијата и спортските клубови кои добиле финансиска поддршка од Општина Делчево наредните денови ќе потпишат договори со Општина Делчево за наменско користење на финансиските средства, а на средината и на крајот на календарската година треба да достават извештаи за наменско користење на добиените средства.